Емитер 3/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во шесеттите години од минатиот век, воениот врв на тогашниот Советски Сојуз од својата воена авиоиндустрија бара да се развие борбен јуришен авион кој ќе биде едноставен, евтин и со голема уништувачка моќ, по примерот на Ил-2 јуришникот од Втората светска војна. Од страна на "Сухој" ќе биде понуден прототипот Т-8-1, кој подоцна ќе ја добие ознаката Су-25.
Проектот е оформен со цел фронтовската авијација на тогашниот Советски Сојуз да добие јуришен авион со кој ќе се овозможи извршување на задачи за блиска борбена поддршка, поточно за да може да уништува мали оклопни подвижни и неподвижни цели, но и да е способен да извршува задачи и во длабочината на непријателските сили, односно да изврши изолација на боиштето. Проектот за новиот јуришен авион започнал во доцните шеесетти години од минатиот век, а авионот е проектиран и развиен од страна на инж. Владимир П. Бабак и на неговиот тим од авиоконструкциското биро "Сухој". Биле произведени три прототипа, а првиот прототип со ознака Т-8-1 за првпат полетува на 22.2.1975 година, од воздухопловниот експериментален центар "Жуковски".
Сериското производство на Су-25 започнува во 1978 година. Во првите модели на Су-25 се вградувани моторите РД-9Б со потисок од 27 kN, но подоцна се вградуваатпојаки моторисо ознака Р-95С кои се деривати од моторот Р-13-300 кој го користел познатиот ловец МИГ-21МФ. За време на авганистанската војна изведена е борбена операција наречена РОМБ, која започнала на 16.4.1980 година, а во која биле вклучени првиот и третиот прототип од авионот Су-25. Поточно, во оваа операција во реални услови биле тестирани борбените можности на авионите. Овие прототипови на Су-25 од 16 април до 5 јуни 1980 година извеле седумдесет борбени задачи. Благодарение на борбените тестови на овие авиони во реални борбени услови, во претсериските авиони Су-25 е извршено вградување на оклопна заштита на одредени делови од авионот. Во подоцнежните верзии на Су-25 кои се произведени последните две години се вградуваат нови мотори со ознака Р-195. Производството на Су-25 е завршено во 1992 година, а произведени се приближно 800 авиони.
Во понатамошниот дел од текстот пишуваме за градбата и системите за заштита од ПВО, примената на Су-25 во воените конфликти, како и постоечите варијанти на овој авион, опремата што е вградена во нив како и оружјето што може да го користи.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.