Рубрика: Астрономија и астронаутика
Телескопот Џејмс Веб откри уште една нелогична рана галаксија
Автор: Даниел Анастасов
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Секогаш кога нов телескоп треба да биде пуштен во употреба, научниците велат дека со нетрпение очекуваат да најдат одговори на некои отворени прашања. На крајот на краиштата, секој нов телескоп е намерно дизајниран за да даде некои конкретни одговори. Но, научниците исто така забележуваат дека новите телескопи неизбежно откриваат нови изненадувања и самото тоа ги прави многу возбудени. Кога станува збор за JWST, обете очекувања се остварија.):

Моќните инфрацрвени можности на телескопот Џејмс Веб му овозможуваат да гледа подалеку во минатото од кој било претходен телескоп. Многу од нас­ловите што ги генерира, се поврзани со изненадувањата што ги открил во рани­от Универзум. Пронајдени се црни дупки многу помасивни отколку што мислевме дека е можно, а исто така пронајдени се и целосно формирани галаксии порано отколку што можат да објаснат сегаш­ните теории.

Сега е пронајдена уште една неоче­ку­ва­на галаксија во раниот Универзум. Ин­дис­ките истражувачи открија зрела го­лема спирална галаксија многу слична на Млечниот Пат, која постоела само 1,5 ми­лијарди години по Големата екс­пло­зија.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.