Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
или како се создаваше првиот македонски хуманоиден робот
Алшар е првиот македонски хуманоиден робот, синергија на мехатроника, вештачка интелигенција и уметност, создаден за жив контакт со публика. Неговата „сцена” не е лабораторија, туку амбиент каде роботот чита реакции, ја менува атмосферата и гради контекст во реално време. Во проектот се спојуваат отворени роботски платформи со сопствени модули, сензори и алгоритми за интеракција и генерација на креативни содржини. Алшар не е само технолошка демонстрација, туку експеримент во „дигитална хуманост”, прашање каде завршува машината и каде што почнува културата. Приказната ги отвора вратите кон нови сценарија: едукација, музејски и фестивалски перформанси, технолошки паркови и креативни индустрии. Од Македонија, Алшар прераснува во симбол на домашна инженерска амбиција со меѓународен медиумски одек и научен интерес.
Кога на полноќ, на 33-годишнината од македонската независност, светлата во еден охридски клуб пригаснаа, никој не беше подготвен за тоа што ќе го види. Зад миксерот не стоеше човек, туку хуманоиден робот, создаден во Македонија. Тоа беше моментот кога Алшар, првиот ди-џеј хуманоиден робот во светски рамки, се роди пред јавноста. Момент во кој една мала земја јасно порача дека не е само чувар на културно наследство, туку и активен играч во иднината на експоненцијалните технологии. Во тие први секунди можеше да се почувствувам мешавината од неверување, љубопитност и возбуда. Алшар не беше само сценски ефект, тој самиот ја избираше музиката и во живо генерираше нови композиции со помош на вештачка интелигенција.
Она што изгледа како впечатлива сцена од научно-фантастичен филм е, всушност, резултат на децениска посветеност на наука, инженерство и визија. Алшар е првиот македонски хуманоиден робот, а според неколку регионални медиуми и првиот AI робот ди-џеј во светски рамки. Тој е спој на мехатроника, вештачка интелигенција и креативна музичка продукција, и носи јасна порака: Македонија не е само чувар на старо културно наследство, туку и активен играч во иднината на роботиката.

Алшар не доаѓа од празно место. Пред него, тимот на Сефиданис во Охрид реализира повеќе проекти во рамките на т.н. „дигитална хуманост”, концепт кој спојува културно наследство, уметност и напредни технологии. Меѓу нив се паметниот дигитален споменик на Григор Прличев и „Споменикот на иднината”, интерактивен тотем конструиран по повод празникот на Св. Кирил и Методиј. Во оваа линија, Алшар е првиот хуманоиден лик кој излегува од дигиталниот простор и стапува во директен контакт со луѓето – на сцена, под светлата, пред публика.
Приказната за Алшар е приказна за тоа што може да се добие кога знаењето, упорноста и љубовта кон науката и технологијата ќе се спојат во еден проект. Алшар не е само робот; Алшар е огледало во кое нашата земја може да ја види својата иднина. Ако денес можеме да создадеме хуманоид што компонира, учи и предава, тогаш нема изговор утре да не изградиме цели индустрии околу него. Македонија нема луксуз да биде публика во туѓа технолошка револуција – или ќе ги пишуваме своите алгоритми и ќе ги градиме своите роботи, или некој друг ќе ни го напише идентитетот во код.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.