Емитер 208 - 12/2025.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
На 29 јуни 2024 во Крушево се одржа јубилеј 50 години од формирање на ‘Хели Клуб’, што значеше и исто толку години Ултралесна авијација и Крила за слободно летање (змејови и параглајдери) кај нас. Беа дојдени гости од целата земја и странство. Организаторот имаше подготвено презентација, ѕиден весник, говор, доделување признанија за особен придонес во развојот, промоција на книга од областа и секако забавен програм.
Историјата на тогаш наречените „лесни летала” во Македонија започнува со Јован Калајлиовски, Слободан Жераиќ и Сашо Генчев, и биле во тек со светскиот развој. Јован имал „кулман” (табла за цртање) каде ги дизајнирал првите делтаплани, тогаш викани „Рогалови крила”, Сашо му асистирал. Жераиќ ја зел работата на организацијата, етаблирањето на оваа авијација, обезбедување средства и друго. Во 1971-72 година Јован го гради првиот змај-делтаплан кој имал несоодветно тешко платно. Сашо прави неколку летови со него, што ги вика скокови, се погоре и погоре на Зајчев рид, со премногу елан се додека на приземјување не ги повредил нозете. Продолжуваат со работа, Јован добива идеја да се направи жироглајдер, како што кажува Сашо, со нацртите што Јован ги купил од фирмата Bensen ги однел во фирмата „Бегче” од Скопје, каде роторот-елиса широка 6 метри – два крака по три метра споени во главчината, ја направиле од дрво, и тоа бесплатно.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.