Рубрика: Аеронаутика
Постанокот на делтапланот
Автор: Влатко Поповски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2002.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Доколку некогаш, како дете, сте сонувале дека летате, сигурно сте го доживеале така како и другите деца во својата фантазија: се затрчуваш со раширени раце и полетуваш, слободно летајќи, легнат како што, впрочем, летаат птиците. Целосно идентично на ова летање е летањето со змеј. Се затрчуваш, со раширени раце, полетуваш и легнат на стомак леташ понесен од воздушните струи како што лета орелот, кондорот, штркот и другите големи птици кои не мавтаат со крилјата, туку едрат и го користат движењето на воздушните струи.

Човековата желба за летање постои веројатно од постанокот на човекот. Но оваа можност е остварена дури со развојот на науката и технологијата. Постојат повеќе записи за историскиот развој на воздухопловството (авијацијата), но, главно, тоа е старо околу сто години.

Во оваа пригода ќе се запознаеме со постанокот и развојот на змејот (делтапланот) и само кратко ќе споменеме и збор-два за една развојна фаза на параглајдерот.

Змејот и параглајдерот, на прв поглед, имаат многу едноставна конструкција и дизајн. Но во суштина е сосем спротивното. Змејот и параглајдерот се последните летала кои се појавија во светот токму заради нивната сложеност, особено по прашањето на управливоста и стабилноста во конструкциска изведба без “опашка” и одржување на формата на флексибилното крило (купола) во лет без крути делови. Главното решение кое овозможува “надолжна стабилност” (pitch stability - стабилност околу попречната оска) на леталото кое нема опашка (хоризонтален стабилизатор и кормило по височина) всушност е капиталното решение на змејот. Ако земеме предвид дека секоја птица има опашка која многу активно ја употребува при летањето, решенијата кои ги има змејот се навистина за восхит. Вакви решенија, покрај змејот, сега имаат само некои од најсовремените воени авиони.

Прв предуслов на тогашниот, а и сегашниот змеј е можноста за полетување и слетување само со помош на нозете на пилотот. За да се  исполни тоа било потребно леталото:
• да лета на мали брзини (ова е исклучително сложено, затоа што за нешто да лета му е потребна доволна брзина);
• да е лесно, за да може да биде понесено од пилотот  (ова се воведе со развојот на технологијата и новите материјали);
• да е стабилно и лесно управливо и тоа само со промената на тежиштето односно поместувањето на телото на пилотот.

Сето ова, како и фактот дека авијацијата првенствено служела за воени цели, направиле делтапланот да се појави последен во фамилијата на воздухоплови, а веднаш по него се појавува и параглајдерот.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.