Рубрика: Електроника
50W Hi-Fi излезен засилувач - А50
Автор: Дејан Трпески
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 208 - 12/2025.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Доколку ви треба засилувач кој е крајно еднос­тавен, а во исто време проверен и квалитетен тогаш можното решение побарајте го во текстот кој следи.

Основната идеја на авторот на овој текст е да понуди НФ засилувач на моќност кој со својата конструкција и цена ќе биде достапен на поголем број читатели. Станува збор за засилувач изведен во хибридна технологија кој е во состојба на звучник од 4W  да даде 40W. Малиот број на стандардни елементи како и фактот дека не е потребно никакво подесување ниту специјални инструменти, го прават посебно интересен за оние конструктори со помало искуство. Малите димензии и едноставната конструкција обезбедуваат флексибилност во поглед на неговата примена. Може да се употреби како посебна излезна единица или да биде во склоп на аудио миксета, активни звучници и  сл. Широкиот фреквентен опсег, високиот однос сигнал-шум, високиот дампинг фактор, малите изобличувања, а посебно ниската цена можат да бидат доволна причина да се решите за негова градба.

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 208 - 12/2025. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.