Рубрика: Фототехника
Школа за фотографија: Основи на композицијата - 1
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 1/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Правило на третини на дело

Што е тоа што го прави едно ликовно дело благопријатно за нашето сетило за вид? Што е тоа што кај нас понекогаш предизвикува одбивност кон некоја визуелна перцепција? Зошто некои ликовни дела остануваат длабоко врежани во нашата меморија, додека други дури не ни ги забележуваме?

Човештвото поставувало вакви прашања и многу пред античките мислители. Вавилонските и египетските градители користеле строги правила со кои ги одредувале пропорциите на делата кои ги создавале, со цел на истите да им дадат повисоки естетски вредности, па и во исклучителни ситуации дури и “боженствени” својства. Во тој контекст е и користењето на “златниот” или “боженствениот” однос. При градбата на голем број египетски пирамиди, на пример, грижливо е имплементирана употребата на “златниот” однос. Во антиката, еден голем број на градби ги користат правилата за “идеални” пропорции, односно го користат “златниот” однос. Тука во прв ред се многу градби во Акрополис (Атина), а особено неговата најимпозантна градба, Партенонот. Ренесансата носи со себе мноштво пишани документи за естетиката врзана со “златниот” однос. Како резултат на тоа, една цела плејада на архитекти, уметници, графичари и издавачи на книги го користат “златниот” однос при одредување на димензионалните атрибути на нивните дела.

Едноставноста како атрибут  (лево) и Правило на непарност на дело (десно)

Најновите истражувања на психолозите покажуваат поделени мислења околу со векови втемеленета верба дека “златниот” однос игра пресудна улога во човековото поимање на естетиката. Но, повеќето се сложуваат дека истиот има неизмерно голема улога во перцепцијата на уметноста таква каква што е денеска.

Правилата на “златните” односи се користат во многу композициски техники. Тука тоа е многу често прифатено, но понекогаш и отфрлано од самите уметници.  Сепак, за да прифатиме нешто или да го отфрлиме, треба добро да го познаваме. Не навлегувајќи опширно во реторички дискурси за тоа што е, всушност, “златен” однос, ќе обработам некои основни композициски техники кои произлегуваат од “златниот” однос.

Предмет на овој напис се основните композициски техники: правило на третини; правило на непарност; правило на простор и правило на поедноставување.

Клучни зборови:
Правило на третини на дело

Правило на третини на дело

Едноставноста како атрибут

Едноставноста како атрибут 

Правило на непарност на дело

Правило на непарност на дело

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.