Рубрика: Фототехника
Фото на неделата: Совршен облак – победник на натпреварот за метеофотографија
Објавено на 25.10.2023 - 13:00

Совршен облак (A Perfect Cloud)

Оваа слика, симбол на спектакуларноста на природата, која го прикажува врвот на чилеанскиот вулкан Виљарика опкружен со облаци, беше избрана за фотографија на годината 2023-та, на конкурсот за фотографија во организација на Кралското метеоролошко друштво (Royal Meteorological Society).

Жирито кое ја правеше селекцијата на поднесоците беше составено од експерти од областа на метеорологијата, фотографијата и новинарството. На конкурсот биле примени фотографии од 94 земји, сите со различен приказ на убавината на нашата планета и нејзината чувствителност на временските промени.

За победник на конкурсот за 2023 година жирито го прогласи Франсиско Негрони со неговата фотографија насловена Совршен облак. Фотографијата го прикажува снежниот врв на вулканот Виљарика, во Чиле, осветлен одвнатре со портокаловиот сјај на лавата и „врамен“ од пар леќести облаци (аltocumulus lenticularis). Членовите на жирито биле фасцинирани токму од овој контрастен приказ на топлина и студ, но исто така и од долгата експозиција на фотографијата, којашто ја истакнува ротацијата на Земјата преку очигледното привидно движење на ѕвездите, видливи како ленти на небото.

Совршен облак (A Perfect Cloud), Фото: Франсиско Негрони / Кралско метеоролошко друштво

Фотографијата на чилеанскиот фотограф Франсиско Негрони  му ја донесе наградата Standard Chartered Weather Photographer of the Year  за 2023 година.

Клучни зборови:
Совршен облак (A Perfect Cloud)

Совршен облак (A Perfect Cloud), Фото: Франсиско Негрони / Кралско метеоролошко друштво