Емитер 1/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Чудниот постулат на квантната механика, дека секоја елементарна честичка може да биде на неограничен број места во исто време, отвара едно многу провокативно прашање: зошто и ние не можеме да бидеме на повеќе места во исто време, кога сме составени од елементарни честички?
Современата наука ја смета оваа тема за една од 10-те најголеми научни енигми, според француското научно-популарно списание “Наука и живот” ( (Les 10 plus grandes ènigmes de la science – Sciece & vie). Но, со оглед на тоа што повеќето од тие 10 научни енигми (како на пр., “Што било пред Биг Бенгот?”, “Каде исчезнала антиматеријата?”, “Дали нашиот универзум е уникатен?”, “Како ќе заврши светот?”…) веќе неколку пати беа теми во претходните изданија на ЕМИТЕР, а со цел да не се повторуваме со истите, се фокусиравме само на оваа многу провокативна тема, која се однесува на квантната механика, а која досега не беше посебен предмет на ЕМИТЕР, туку беше само површно допирана во врска со некои други научни теми.
Конфигурацијата на макроструктурата на вселената е ‘резервирана’ за законите на класичната (Њутнова) механика. Што е тоа што ги разграничува двете механики: квантната и Њутновата?
Квантната механика ги издржа сите тестови и денес таа е содржана во речиси целата модерна наука и технологија. Таа владее со однесувањето на транзисторите и интегрираните кола, кои се основни компоненти во сите електронски уреди: системи за радио и ТВ-врски, предаватели, приемници, компјутери… , исто така е и темел на модерната хемија и биологија. Единствени области од физиката во кои квантната механика не е инкорпорирана се гравитацијата и макроструктурата во светот.
Но, како може да се објасни тоа што според квантните начела елементарните честички од микроструктурата се во исто време и бранови и честички, кои исто така во исто време може да бидат и таму и овде, додека на друга страна макроскопскиот свет е “резервиран” исклучиво за класичната механика, каде тие феномени не постојат? Имено, во макросветот нема принцип на неодреденост, па врз основа на Њутновата класична механика, ние можеме на едно билијардско топче кое се тркала во секој момент да му го знаеме неговиот импулс и неговата локација, што не е можно кај елементарните честички со кои управува квантната механика. Поинаку кажано, зошто не може и ние да бидеме на повеќе места истовремено, кога се знае дека сме составени од елементарни честички, со кои управуваат квантни начела? Дали се работи за два различни света? Невозможно, бидејќи природата е иста за двете случувања. Тогаш, дали постои некоја граница, која ги разделува квантните и класичните случувања?
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.