Емитер 10/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
"Патување во времето "отсекогаш била популарна научна фикција, често присутна во научно-фантастичната литература. Меѓутоа, за современата наука тој феномен има своја сериозна страна. Имено, потполното разбирање на тој феномен е важна компонента во настојувањето на науката да конституира унифицирана теорија во физиката. Па, дали реално може да се изгради машина која ќе транспортира човечко суштество во минатото или во иднината?
Во претходниот напис од оваа серија видовме дека патувањето во иднината е прилично едноставно. Ако вие се движите со брзина блиска до брзината на светлината или ако претстојувате во јако гравитациско поле, вашето искуство ќе ви покаже дека времето ќе ви тече позабавено отколку кај другите луѓе или, кажано со други зборови, вие ќе патувате во нивната иднина (ЕМИТЕР бр. 9/12: Енигмите на времето (3. дел) – Патување во иднината). Проблемот е само технички: постигнување на брзина на движење блиска до брзината на светлината. Меѓутоа, за разлика од патувањето во иднината, патувањето назад во минатото е далеку попроблематично. Па, да ги разгледаме проблемите во врска со тоа!
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 10/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.