Рубрика: Аудио и видеотехника
Sony KDL-55W905A
Автор: Владимир Димитров
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во нашта редакција пристигна покана од застапникот на SONY за Македонија да го погледнеме и да го дадеме нашето мислење за овогодишниот добитник на наградата од EISA – телевизор на годината 2013-2014 година, телевизорот Sony KDL-55W905A, што со особено задоволство ја прифативме.

Првите впечатоци кога ќе го погледнете телевизорот се навистина импресивни. Станува збор за навистина прекрасен дизајн, супертенок, со рамка околу екранот широк едвај еден сантиметар. На горниот раб се вградени ситни зрнца од кварцни кристали, кои даваат суптилен син блесок по неговата должина. На долниот дел од екранот е вграден уште еден новитет од Sony, мала кутија со огледала која ја менува бојата во зависност од тоа кој влез се користи во моментот. Сето ова на телевизорот му дава навистина несекојдневен изглед.

Клучни зборови:

Импресивна репродукција на црни нивоа и сиви нијанси

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.