Рубрика: Психологија
Соништа
Автор: Ирена Кацеска
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Соништата може да бидат забавни, вознемирувачки или бизарни. Сите сонуваме – дури и ако следниот ден не се сеќаваме на сонот. Но, зошто ние сонуваме? И што значат соништата воопшто?

Соништата се приказни и слики кои нашиот ум ги создава додека спиеме. Соништата може да бидат живописни. Тие може да направат да се чувствувате среќни, тажни или исплашени. А може да изгледаат и совршено рационално или збунувачки. Соништата може да се случат во секое време во текот на спиењето. Но повеќето живописни соништа се случуваат за време на РЕМ-фазата, кога мозокот е најактивен. Некои експерти сметаат дека сонуваме најмалку 4 до 6 пати секоја ноќ.
Постојат многу теории за тоа зошто ние сонуваме. Некои истражувачи велат дека соништата немаат смисла или цел и претставуваат бесмислени активности на мозокот во состојба на сон. Други велат дека соништата се од суштинско значење за менталното, емотивното и физичкото здравје.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.