Емитер 6/2011.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Посебната состојба, кога некој е свесен дека сонува и кога знае дека светот што го гледа е само творба на умот (а тој е одделен од тоа), се нарекува луциден сон. Луцидното сонување може да биде начин за истражување на можностите на умот, за соочување и решавање проблеми, стравови, исполнување желби, но и пат до нешто кон што тежнеат духовните пракси, а тоа е целосно будење или просветлување.
Околу третина од животот го минуваме во состојба на сон. Телото се одмора, а умот е исклучен од дневната активност. Секоја ноќ влегуваме во бескрајните области на сопствениот ум, соочени со сите можни веројатности. Луѓето, вообичаено, кога спијат се во несвесна состојба, на тој начин немајќи можност да стекнат искуство што може на посебен начин да ги збогати. Посебната состојба, кога некој е свесен дека сонува и кога знае дека светот што го гледа е само творба на умот (а тој е одделен од тоа), се нарекува луциден сон. Луцидното сонување (lucid dreaming) може да биде начин за истражување на можностите на умот, за соочување и решавање проблеми, стравови, исполнување желби, но и пат до нешто кон што тежнеат духовните пракси, а тоа е целосно будење или просветлување.
Луцидното сонување е присутно низ целата човекова историја, но дури неодамна го привлече вниманието на научните кругови. Некој што имал искуство на луциден сон знае колку тоа искуство може да вреди и колкава е неговата моќ. Доколку имате луциден сон, лесно ќе сфатите дека светот на сонот е ваша лична творба, креација на умот, а тоа сознание може да предизвика неверојатно чувство на слобода. Можете да направите сè што ќе замислите во рамките на виртуелните граници на сопствениот ум.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2011. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.