Рубрика: Астрономија и астронаутика
Најнова мисија за истражување на тајните на Сонцето
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2013.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


И покрај досегашните обемни истражувања на Сонцето, остана енигмата за енергетските случувања во Сончевата хромосфера, слој што ги поврзува површината и короната на Сонцето, а во кој се одвиваат непознати процеси што доведуваат до прегревање на короната. Најновата мисија на НАСА, т.н. ИРИС, во голема мера ќе помогне да се разреши таа енигма.

На Сонцето, најблиската ѕвезда до нас, досега му беше посветено огромно внимание од страна на астрономите, но, сепак останале некои енигми, меѓу кои една од најзагадочните е онаа за енергетските процеси што се случуваат во Сончевата надворешна структура. Таа започнува од Сончевата површина, т.н. фотосфера (Photosphere), на која перманентно се појавуваат и исчезнуваат сончеви дамки (Sunspots), разни ерупции и блесоци, а завршува со атмосфера, т.н. корона (Corone), во која перманентно светкаат лакови диригирани од магнетските линии на Сончевото магнетно поле. Помеѓу овие два харизматични региони лежи меѓуслој дебел 1700 km, т.н. хромосфера (Chromosphere), во кој се одвиваат непознати енергетски процеси, кои доведуваат температурата од 6000°C, колку што таа изнесува на Сончевата површина (фотосфера), да се покачи на повеќе милиони степени Целзиусови во Сончевата атмосфера (корона). Токму процесите во тој регион, кои водат кон прегревање на короната, се предмет на истражување во најновата мисија на НАСА, т.н. IRIS (Interface Region Imaging Spectograph), всушност орбитална опсерваторија која треба да помогне во разбирањето на меѓусебната поврзаност на фотосферата и короната и како доаѓа до наведеното загадочно драстично покачување на температурата во најгорниот Сончев слој, короната.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2013. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.