Рубрика: Астрономија и астронаутика
Два дена до крајот на Касини
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 12.09.2017 - 19:09

На 15 септември вселенското летало Касини ќе се нурне во атмосферата на планетата Сатурн. Латалото ќе продолжи да испраќа научни податоци сѐ дури неговите потисни мотори можат да ја задржат антената на вселенското летало вперена кон Земјата. По ова Касини ќе изгори во густата атмосфера на гасниот џин, распаѓајќи се како метеор.
Мисијата Касини официјално започна на 15-ти октомври 1997 година, а леталото влезе во орбита околу Сатурн на 30 јуни 2004 година, носејѓи ја со себе европската сонда Хајгенс. По завршувањето на првичната четиригодишна мисија, мисијата на Касини се продолуваше уште двапати. Клучните откритија вклучуваат откривање на глобален океан со индикации за хидротермална активност на месечината Енцеладус и морињата од течен метан на Титан.
И покрај тоа што вселенското летало физички ќе исчезне за два дена, огромниот број податоци собрани од негова страна за планетата Сатурн, како и нејзината магнетосфера, прстените и нејзините месечини, ќе продолжат да се обработуваат со години, носејќи нови откритија во наредните децении.
Краток преглед на мисјијата на Касини и како се очекува да изгледа неговиот крајот може да погледнете на следново видео

Сите слики употребени во овој напис се сопственост на НАСА

Клучни зборови: