Рубрика: Астрономија и астронаутика
Сите бои на Сонцето
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 28.03.2018 - 18:30

Сè уште не се знае зошто во светлинскиот спектар на Сонцето недостасуваат некои бои. На сликата во прилог се прикажани сите видливи бои на Сонцето, спектарот е добиен при поминување на сончевата светлина низ уред што има улога на призма и ја разложува светлината на основните нијанси. Спектарот од бои што се наоѓа пред вас е создаден во Сончевата опсерваторија Мекмат-Пирс (McMath-Pierce Solar Observatory).

Првото нешто што на него може да се забележи е дека иако нашето, наизглед,  бело Сонце емитира светлина во речиси сите бои, најсјаен дел од спектарот е делот на жолто-зелената светлина. Темните зони во спектарот се должат на гасот што се наоѓа врз или над површината на Сонцето а којшто ја апсорбира сончевата светлина емитувана во овие бранови подрачја. Бидејќи различните видови на гас апсорбираат различни бои од светлината, на овој начин е можно по посреден пат да се утврди кои гасови се наоѓаат во состав на Сонцето. Хелиумот, на пример, за првпат беше откриен во сончевиот спектар во 1870 година и дури подоцна било утврдено дека може да се најде и на Земјата. Денес, најголем дел од апсорпциските линии во спектарот се идентификувани - но не сите.

Клучни зборови: