Рубрика: Информатика
Последната надеж за вашите податоци!!!
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Враќањето на избришаните податоци, како и податоците од форматирана или нечитлива партиција, е релативно лесна постапка со висок процент на успешност…секако, зависно од околностите. Но што да се прави кога хард дискот механички или електронски ќе откаже? Решение има, всушност, затоа и го читате овој текст :-)))!

Дали податоците, кои почесто ги користите или на кои повремено им се навраќате, да ги чувате на хард диск или на ЦД/ДВД? Вечна дилема, на која тешко може да се даде објективен и правилен одговор. Оптичките медиуми се подложни на механички оштетувања, исто како и хард дисковите. Не можете случајно да ги избришете, тоа е факт, но затоа кога итно ви требаат, треба да ги барате во самите дискови (доколку знаете што каде чувате, ако не – леле мајко!), па да ги ставите во ДВД-то (денеска кој уште користи ЦД-режач?), па да ги отворите... Е, тука предноста на хард дисковите е несомнена. И оптичките медиуми и хард дисковите имаат рок на траење, односно време по кое мора да се преснимаат податоците. Затоа, како ќе ги чувате податоците, е исклучиво ваша волја, ваше убедување.
Досега сме говореле за враќање на избришани податоци, податоци од изгубена/нечитлива или случајно форматирана партиција. Зависно од околностите, процентот на успешност може да биде и 100%. Но како стојат работите кога е во прашање механички или електронски дефект на самиот хард диск? Може ли нешто да се спаси, колкав е процентот на успешност? Читајте понатаму.

Отстранување на ППК од хард дискот

Поглед во внатрешноста на дискот

Кај некои модели на хард дискови податочната лента се вади целосно

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.