Рубрика: Електроника
Активна стерео лауднес контрола
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во повеќе проекти од областа на аудиотехниката објавени во ЕМИТЕР беше спомнато зошто е потребно да се направи соодветна обработка на аудиосигналот пред тој да се донесе на влезот на аудиозасилувачот. За да се обезбеди обработка на аудиосигналот според слушните карактеристики на нашето уво, потребно е соодветно електронско коло кое ќе врши издигнување на ниските и високите френквенции. Ваквото коло се нарекува лауднес (loudness) коло и постојат повеќе начини за негова реализација, било како пасивно коло, било како активно коло. Во овој проект е прикажана активна изведба со операциски засилувачи и фиксна корекциска крива.

Научните истражувања во оваа област од аудиотехниката покажале дека човечкото уво подеднакво не го чувствува звукот во целиот чуен фреквенциски спектар од 20Hz па сè до 20kHz. Поконкретно, човечкото уво е најчувствително на звучните фреквенци околу 1000Hz, а колку одиме со фреквенциите над или под оваа област, чувствителноста на нашите уши кон тие звуци опаѓа прогресивно. Оваа карактеристика не зависи значајно од возраста на човекот. Единствена проверена разлика што постои, ако така може да се каже, е тоа што колку човекот е повозрасен (постар), неговиот чуен опсег опаѓа и тој сè послабо и послабо ги слуша високите фреквенции – сè до целосен губиток на високите фреквенции со зголемувањето на старосната граница. Проблемот со различната осетливост на нашите уши на звуци (музика) со голема јачина не е толку изразен, речиси е занемарлив, но проблемот настанува кога слушаме музика на средна или ниска јачина. Тоа најчесто настанува кога слушаме музика кога сакаме да се одмораме и да уживаме во неа! :-) Грубо кажано, кога потенциометарот за "volume" од нашиот аудиозасилувач сме го поставиле на ниска јачина на звукот, некаде до ниво 5 – ако поделбата е изведена од 0 до 10, тогаш музиката звучи празна, речиси без душа. Голем дел од убавините на музиката се губат, а сето тоа доаѓа затоа што фреквенциите на музиката околу 1kHz сосема добро ги слушаме, додека инструментите кои произведуваат повисоки или пониски аудиофреквенци од овој опсег – т.е. колку се доближуваат до 20kHz, односно – 20Hz, субјективно ги перципираме со многу помала јачина, а некои и воопшто не ги слушаме. За да го решиме овој природен проблем, на нашето уво потребно е ние да му помогнеме со посебно електронско коло кое ќе изврши соодветно засилување на ниските и високите фреквенции. Ова коло треба да го вметнеме на влезот од нашиот аудиозасилувач, пред потенциометарот за регулација на јачината. Во овој проект нудиме решение за активно лауднес коло со фиксна корекциска крива – навистина мал уред кој сепак драстично ќе го подобри доживувањето во музиката кога слушате на мала јачина.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК1229

ИК: TL072;

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.