Емитер 3/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Како да изработите мал стереозасилувач кој на своите излези ќе испорачува моќност поголема од 2x1W и ќе ве чини само 120 денари? Одговорот ќе го најдете во текстот од овој проект.
Во овој напис целосно е разработен проект на 2x1W стерео-аудиозасилувач во кој како главна компонента за негова реализација се користи TDA7053A, од светски познатата фирма PHILIPS. Ова 16-пинско интегрирано коло користи DC-напон за контрола на засилувањето. За DC- волуме контролата, односно за промена на DC-напонот во овој двоен засилувач се користи единичен потенциометар со минимална грешка. Колото може да работи со поголем опсег на DC-напон и тоа од 4,5V па сè до максимални 18V. За нормална работа на ова интегрирано коло не му е потребен ладилник.
Напојување: 4,5 - 18 Vdc;
Излезна моќност: >1W на Us = 12V;
Фреквенциски опсег: 20Hz - 20kHz;
THD: <1% на 0,5W/ 8Ω;
Однос S/N: >60dB
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.