Емитер 7-8/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
За љубителите на разни макети и модели, како и за оние кои отсекогаш сакале далечински да ги управуваат своите омилени играчки, следува напис кој ќе даде едноставно решение и идеи за далечинско командување и контролирање. Станува збор за двоканална далечинска контрола. Тоа значи дека може да командувате два независни дела (уреди) од некој далечински управуван модел. Во нашиот случај станува збор за два мали мотори кои движат автомобил играчка (видете ја сликата). Моторите се поставени на задните тркала на објектот. Со нивна помош, количката ќе може да се движи напред, назад, лево и десно. Како е изведено тоа ќе видите во текстот што следи.
Идеата за овој проект потекнува од нашите читатели, а за негова реазлизација се употребени решенија кои потекнуваат од неколку различни модели со далечинско управување. Се разбира дека оваа далечинска контрола може да ја употребите за каков било друг објект кој сакате да го управувате од далечина. За пренос на командите за далечинско управување се користат радиобранови.
Далечинската контрола ја сочинуваат предавателен и приемен дел. Предавателниот дел го сочинува управувачка логика за задавање команди (УЛЗК) и радиопредавател. Приемниот дел го сочинуваат радиоприемник и уред за детекција и реализација на командите (ДРК).
Иако навидум сложен, проектот е многу лесен за градба. За приемниот и предавателниот дел се направени две ППК. Тие се со мали димензии што дава можност за нивна едноставна и компактна монтажа. Што се однесува до хибридите, тие може да бидат од кој било тип што може да емитира и прима податоци. Такви ги има многу и со различна модулација на носител, како на пр., приемници од серијата FM-RX2-XXX, FM-RX3-XXX, SILRX-XXX итн., предаватели од серијата AM-TX1-XXX, FM-TX2-XXX, FM-TXM-XXX, TXM-XXX и други. Дел од нив можете да ги најдете во продавницата Електронинвест во ТЦ Бисер. Работата со нив е многу едноставна. Какви и да набавите обрнете внимание да бидат предвидени за напон на напојување од 5V да бидат за ист тип на модулација (и двата AM или и двата FM) и да бидат за иста фреквенција. Употребените хибриди работат на фреквенција од 433MHz.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.