Електроника

За љубителите на разни макети и модели, како и за оние кои отсекогаш сакале далечински да ги управуваат своите омилени играчки, следува напис кој ќе даде едноставно решение и идеи за далечинско командување и контролирање. Станува збор за двоканална далечинска контрола.


Астрономија и астронаутика

Применувајќи ја новата теорија во физиката т.н. теорија на суперструните, група астрофизичари излегоа во списанието Дисковер 2/2004 со нов модел за природата на вселената, во кој Биг Бенгот е само една епизода во бесконечноста на вселената во минатото и во иднината.


Електроника

Во претходните броеви на ЕМИТЕР беа објавени повеќе засилувачи во моно верзија, без додатните кола за регулација на гласноста и бојата на тонот. Оваа причина ме наведе да изработам еден проект на комплетен засилувач во стереоизведба со ton/volume контрола, кој претставува една комплетна целина, односно може да се монтира на една плочка со релативно мали димензии.


Енергетика

Големите ветерници наменети за мелење жито и пумпање вода се употребувале уште пред повеќе од 2000 години во древна Персија. Ветерот бил значаен извор на енергија сѐ до индустриската револуција кога им го отстапува местото на јагленот и нафтата, а ветерниците речиси сосема исчезнуваат со појавата на електричната енергија.


Астрономија и астронаутика

Ова е последното, шесто продолжение на серијата за телескопите. Колку што ми е познато, не постои некоја литература на македонски јазик која го обработува ова подрачје. Се надевам дека оваа празнина барем делумно е пополнета со оваа серија, чии претходни делови можевте да ги следите во ЕМИТЕР бр. 11/03, 12/03, 1/04, 2/04 и 6/04.


Автомобилска техника

Победник на изборот за најдобар интернационален мотор за 2004 година е хибридниот (електро-бензински) 1,5-литарски мотор на Тојота кој се вградува во моделот Приус. Воедно, овој мотор е победник и во три други категории: најдобар нов мотор, најмала потрошувачка и најдобар мотор во класата од 1,4 до 1,8 литри работна зафатнина.


Аудио и видеотехника

За раширеноста на микрофоните и звучниците, како електроакустички претворачи не може да се каже нешто поконкретно, бидејќи толку ги има што е тешко да се изврши и најбанална проценка. Нивното настанување се должи на вечно љубопитниот дух на истражувачите, кои понекогаш и не биле свесни за значењето на нивните пронајдоци. Снимањето, записот, репродукцијата и преносот на звукот на далечина се поврзани со процеси на претворање на акустичкиот звучен сигнал во електричен сигнал и обратно.


Информатика

Remote Administrator (буквален превод "Управувач од далечина") или накратко Radmin (Радмин), претставува програма наменета за управување на повеќе компјутери кои се мрежно поврзани, односно користат TCP/IP конекција. Со оваа програма имате можност да управувате еден или повеќе компјутери директно од вашиот, односно да имате целосна контрола над друг компјутер користејќи го вашиот.


Телекомуникации

Дали некогаш сте се прашувале да знаете како работи системот за глобално позиционирање односно GPS ситемот? Токму во овој број ќе се задржиме на таа проблематика. Каде сум? Каде треба да одам? Колку е далеку? Вакви прашања сигурно ќе си поставувате себеси доколку се наоѓате на некој непознат терен. Читањето од карта и работата со компас бара одредени претходни познавања и ретко кој може навистина да се снајде со нив.


Информатика

Во овој напис ви презентираме неколку производи кои ќе ви овозможат вашето слободно време да го искористите за забава. Со нив можете да гледате филмови, да слушате музика и да играте видеоигри со доста солидна графика. Со својот дизајн и едноставна употреба овие производи ги задоволуваат вкусовите на сите генерации.


Астрономија и астронаутика

Транзитот на Венера, како исклучително редок и важен астрономски настан, во Македонија беше одбележан на начин кој му доликуваше. Скопското астрономско друштво (САД) организираше бесплатно набљудување за граѓаните на град Скопје, од кејот 13 Ноември, близу до Камениот Мост.


Воена техника

Големиот развој на подморниците започнува на крајот на XIX век, а нивната активна употреба на почетокот на XX век. Првите земји кои имаа подморници се: Франција и САД, а потоа и Русија, шведска, Англија. Употребувани се во Првата светска војна, а во Втората светска војна се едно од клучните оружја на големите сили.


Макетарство и моделарство

Во еден од минатите броеви, поточно во насловот "Боење на воздухопловите на Luftwaffe" во ЕМИТЕР бр. 3/04, зачнавме една многу важна тема која иако не многу нагласено постојано се провлекуваше во текстовите каде што беа презентирани макети: бои за нивно боење или техники поврзани со боењето. Боењето на макетите е една од најдискутираните и најполемизираните теми во целокупниот опфат на ова техничко хоби.


Автомобилска техника

Еден од честите "дефекти" на електростартерите кај автомобилските мотори е истрошеноста на четкичките и потребата од нивна замена со нови. Ова не е некој сложен зафат, а во написов ќе бидат дадени основните инструкции за замена на дотраените четкички со нови.


Аеронаутика

Настојувањето на Кина за присоединување на Тајван кон неа, создава тензија во Пацификот со последица на постојано зголемување и осовременување на воздухопловно-борбениот арсенал помеѓу овие две држави, но и постојано присуство на американските воздухопловни сили од Пацифичката флота. Дополнителни тензии внесува и Северна Кореја, па Јапонија како исклучително економски моќна земја мора да го балансира своето воено воздухопловство.


Автомобилска техника

"Ринспид Сплеш" е уникатен производ - на асфалт може да постигне 200 km/h, во вода 50 km/h, а може и да "лета" со брзина од 80 km/h. Според овие карактеристики, несомнено негов природен и идеален партнер е тајниот агент во служба на нејзиното Височество.


Информатика

SuSE Linux 9. 1 како претходник на една фантастична десктоп дистрибуција ми го даде задоволството кое толку долго го чекав. Можам да кажам дека магичноста што ја содржи оваа дистрибуција ќе го зароби секого во своите прегратки сè додека не ви предизвика зависност, а потоа.


Аудио и видеотехника

Ветено-сторено! Во минатиот број само најавивме, а веќе во овој број на ЕМИТЕР, ексклузивно, пред почетокот со официјална продажба, претставуваме еден комплет звучници со сабвуфер за домашно кино, производ на фирмата CAV Audio. Станува збор за комплет од горната половина на понудата на фирмата кој потврдува дека за да се добие квалитетен сараунд звук од големи звучници со убав изглед, не треба да се издвојат (пре)многу пари.


Аудио и видеотехника

Спротивностите се привлекуваат - два MP3 уреда сродни по функција со модерен и футуристички дизајн, но сосема различни на изглед. Секој со своја убавина и свои адути, а на вас е да одберете бидејќи за вкусовите нема да се расправаме. А мене ако ме прашате, па јас веќе си знам, а текстов е наменет за оние кои сакаат да дознаат повеќе.


Електроника

Операциските засилувачи се едни од најупотребуваните интегрирани кола. Но овде ќе разгледаме операциски засилувач кој е направен со дискретни елементи. На сметка на големиот број на елементи е добиен О.З. со супериорни карактеристики кои ги надминуваат специјалните О.З. од типот на LM..., NE..., OP... и други.


Информатика

Во овој летен двоброј ви подготвивме една колекција од трикови во која се обидовме на едно место да ги собереме оние често поставувани прашања што ги мачат понеискусните корисници на Windows XP. Иако овие трикови нема многу да им помогнат на искусните корисници, секако дека можат да им послужат како еден краток потсетник при оние незгодни ситуации кога гореспоменатите неискусни корисници ќе почнат да зврцкаат на телефон.


Информатика

На пазарот има безброј помали или поголеми лаптоп компјутери. Но, засега, ниту еден не е како Сони VAIO X505 - долг и широк колку еден лист хартија со А4 формат, дебел, пардон, тенок помалку од 1cm и тежок 825g! Дали некој рече дека килограмите и сантиметрите не се важни единици мерки за компјутерите?


Фототехника

Sanyo Xacti DSC-J1 претставува основен модел на дигитален апарат на овој јапонски гигант, наменет за корисниците кои прв пат се среќаваат со дигиталната фотографија. Брзина, прецизност на бои и огромен број на опции го прават овој дигитален фотоапарат примамлив и за оние кои би сакале и нешто повеќе од фотоапарат за "обични смртници"


Метеорологија

Одеднаш времето во целиот свет почнува да се менува: во Јапонија врне град со големина на тениски топчиња, во Њу Делхи снежни врнежи, Њујорк под вода, а целата северна хемисфера завршува окована во мраз како резултат од новото ледено доба кое настанува како последица на глобалното затоплување. Тоа се накратко сцените од во моментов актуелниот светски филмски хит Ден потоа. Но, дали сите овие слики е можно да ги видиме во живо.


Медицина

Во ова продолжение од серијалот "Витамините во современата исхрана на човекот", ќе го претставиме витаминот Д, неговата хиповитаминоза и хипервитаминоза, како и превенцијата и лекувањето на овие состојби.


Електроника

Луминентниот видеосигнал ќе ни го "осветли" патот низ луминентниот видеоканал, составен од видеодетекторот, луминентниот засилувач до кинескопот. А тука некаде е и тонскиот канал.


Информатика

Без разлика дали со веб-дизајн се занимавате аматерски или професионално, потребни ви се соодветни алатки при изработката на веб графиката. На Интернет можат да се најдат многу апликации кои ги решаваат проблемите поврзани со дизајнирање на веб-графиката, а од друга страна, пак, доколку припаѓате во групата на "професионалци" тогаш на располагање ви стојат веќе познатите графички апликации од типот на Photoshop, Fireworks и други.


Архитектура и градежништво

Во турбулентната современа ера на нерелаксирани општествени односи, рефлектирани пред се во рапидното зголемување на социјалните разлики, експресионистичката претстава за ноќниот град како темна страна на урбаните егзистенцијални стандарди, како симболичен дел од градот и метафора за реверзибилниот процес на неговото хумано развивање, исчезнува во се поинтензивниот сјај со кој вештачкото осветлување го исполнува ноќниот простор на полисите на денешницата.


Електроника

Во ЕМИТЕР број 9/2003 беше претставен проектот 100 W филтер/засилувач за сабвуфер. Но, оние корисници кои веќе имаат вишок "обичен" засилувач, можат да го добијат истото како во посочениот проект, со додавање на едноставен сумирачки/филтерски степен пред нивниот засилувач. Во овој проект, филтерскиот степен е направен со само едно интегрирано коло ("чип"), а напојувањето го зема од постоечкиот засилувач - максимално едноставно и евтино!


Телекомуникации

Ви претставуваме седум од најпопуларните мобилни телефони кои можат да се класифицираат во средната класа - Siemens C62, Nokia 3100, Alcatel OT 535, Samsung X-100, Sony-Ericsson T230, Panasonic G60 и LG G5310. Воедно, оваа споредба може многу да ви помогне при купувањето на нова "мобилка", т.е. да ви послужи како еден вид на водич при купувањето.


Математика

Решението на општата форма на квадратната равенка – полином од втор степен, ја пронашле уште старите Сумери, некаде 2000 години пр.н.е. Решението на кубната равенка, односно решението на општата форма на полином од трет степен се покажало како тврд орев, кој бил решен многу подоцна. Еве како...


Електроника

Во оваа апликација ви претставуваме уште една дигитална електронска коцка која може да ја употребите за добивање на случаен број при играње на друштвени игри.


Медицина

На екранот од мониторот гледате оптегнат лак со стрела насочена кон небото. Во далечината забележувате мета, поставена пред пејзаж од Хималаите. Полека го спуштате лакот, додека стрелата не ја насочите кон метата. За секунда претерувате и стрелата е насочена кон земјата. Полека земате здив го подигате лакот, и ја испуштате стрелата. Стрелата лета преку виртуелниот терен и со мал блесок се забива во центарот на метата.


Електроника

Доколку имате потреба од секвенцијално вклучување на одредени уреди може да го искористите склопот прикажан во овој напис. Се состои од популарните кола 555 и 4017, десет побудни транзистори и десет релеи. Склопот може да најде различни примени, од палење на диско или рекламни светла, па се до индустриска електроника и автоматизација.


Информатика

На 3 и 4 јуни 2004 година се одржа долгонајавуваната но и долгоочекуваната Визија 2004. Зошто толку очекувана? Одговорот има корени уште од потпишувањето на партнерскиот договор помеѓу Мајкрософт и нашата Влада, во кој, меѓу другото, беше предвидена локализација на Windows XP и MS Office XP. На воведната конференција за прв пат беше подогнат Windows XP на македонски јазик.


Макетарство и моделарство

Македонските ракетни моделари веќе подолг број на години постигнуваат солидни резултати на официјалните европски и светски првенства за ракетни моделари, каде го изградија својот имиџ на успешна екипа и стекнаа доверба да добијат термин за организација на Светски куп. Со организација на ова натпреварување тие уште еднаш ги потврдија своите заложби за солидна организација и докажаа дека стекнатата доверба не била случајна.


Астрономија и астронаутика

Ова е нашиот краток водич за астрономи-аматери. Дознајте што, каде и како можете да набљудувате овој месец на нашето небо со помош на голо око, обичен двоглед и аматерски телескоп. Кометата C/2001 Q4 ќе биде најинтересната работа на ноќното небо во текот на следните два месеци. Друга интересна работа е метероскиот рој Персеиди кој ќе биде активен од 17 јули до 24 август со максимум на 12 август.


Омнибус

Карта на интернет активноста; М27 - маглината Тег; Новиот Порше 911 - 41 година потоа; Нови достигнувања во аудиотехнологијата; Семинар за состојбите во информатичката и телекомуникациската технологија; 40-та државна смотра на млади истражувачи; Нов LANmark-5 печ-панел на Nexans; Лада Револушн; Рено Модус; Дали на вашиот иден десктоп ќе има Линукс; Најнови системи за приказ на 3Д објекти; Електронска книга која можете да ја листате; Аналема; MP3 дигисета; Ден на военото воздухопловство на Р.


Писма
Чудно покажување на ESR-метарот од Е2/2000
Осветлување на LCD дисплеј и неонка на 12V
Модификации во тејмерот VKT-01