Емитер 7-8/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Ова е последното, шесто продолжение на серијата за телескопите. Колку што ми е познато, не постои некоја литература на македонски јазик која го обработува ова подрачје. Се надевам дека оваа празнина барем делумно е пополнета со оваа серија, чии претходни делови можевте да ги следите во ЕМИТЕР бр. 11/03, 12/03, 1/04, 2/04 и 6/04.
Каков и колкав телескоп му е потребен на еден астроном-аматер? Одговорот на ова прашање зависи од повеќе фактори, некои и не толку очигледни, како на пример: дали живеете во приградска населба на некој мал град (на чист воздух); или ако живеете во голем, добро осветлен град со загадена атмосфера - дали сте подготвени ноќе да отпатувате надвор од градот со својот телескоп, некаде во природа каде нема светло и каде воздухот е кристално чист? Поентата е во тоа што ако мислите набљудувањата да ги вршите од центарот на Скопје, нема да ви помогне ни најдобриот (најскапиот) телескоп на светот. Ако мислите (и можете) да правите ноќни излети надвор од градот, пожелно е телескопот да биде компактен заради полесен транспорт, што ги фаворизира Максутов и Шмит-Касегрин телескопите и апохроматските рефрактори со куса цевка. Понатаму, дијаметарот на објективот мора да биде доволно голем (8 – 10 cm), за да може да присобере доволно количество светлина и за да може да “извади” доволно големо зголемување (200 пати).
Американските фирми MEADE и Celestron нудат слични производи, по слични цени, особено во сегментот на Шмит-Касегрин телескопите. Овие се најквалитетните сериски произведувани комерцијални Шмит-Касегрин и Максутов телескопи на пазарот – ако не ги сметаме руските фирми Интес и ТАЛ кои произведуваат Максутов или Клевцов-Касегрин телескопи со одличен квалитет и прифатливи цени.
Ако не ве задоволува квалитетот на комерцијалните, сериски произведени телескопи, постојат фирми кои изработуваат телескопи со врвен професионален квалитет (и соодветна цена): тоа се руските Интес, ЛОМО, СТФ, ТАЛ, германската APM (која всушност ги ангажира производните погони на Интес) и нивната американска испостава TBM, американскиот Astrophysics, јапанскиот Takahashi и други.
Големите компании продаваат телескопи по навистина прифатливи цени, што се должи на големосериското производство. Со оглед на тие ниски цени, самоградбата на телескоп, односно самостојно брусење на објективот може да се исплати само во некои ретки случаи – за некои специфични типови или големини на телескопи. Во принцип, најисплатливо е сами да избрусите објектив со што поголем дијаметар, бидејќи цената на таквите фабричко изработени телескопи е многу висока, па со самоградба може да се заштеди. Со самоградба може да се направат скоро сите делови за телескопот (ова не важи за окуларот – тоа дефинитивно не се исплати да се прави!), па дури и најскапиот дел – објективот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.