Емитер 7-8/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Големите ветерници наменети за мелење жито и пумпање вода се употребувале уште пред повеќе од 2000 години во древна Персија. Ветерот бил значаен извор на енергија сѐ до индустриската револуција кога им го отстапува местото на јагленот и нафтата, а ветерниците речиси сосема исчезнуваат со појавата на електричната енергија. Кон крајот на 20 век, кога еколошкиот аларм станува сѐ погласен, повторно се обновува интересирањето за ветерот како неисцрпно, евтино и чисто решение за енергетските проблеми. Всушност, тој станува глобален феномен како најбрзо растечки енергетски сектор во светот.
Ветерот е метеоролошка појава предизвикана од нееднакво загревање на површината на земјата под дејство на сончевите зраци. Тој всушност претставува индиректна форма на сончева енергија па затоа го сврстуваме во категоријата на “обновливи” (renewable) извори на енергија, односно енергенси кои не можат да се потрошат. Научниците пресметале дека неговата вкупна теориски искористива енергија е 40 пати поголема од моменталните светски потреби.
Турбини во изградба на отворено море
Човекот ја користи енергијата на ветерот повеќе од 2000 години. Првите ветерници биле изградени во Персија претворајќи ја еолската енергија во механичка, која потоа се користела за многу намени, пред сѐ во мелниците за жито и пумпите за вода. Сѐ до индустриската револуција ветерниците биле заедно со дрвото најефикасни начини за добивање корисна работа, но потоа биле потиснати од јагленот и нафтата. Електричните машини целосно ги заменуваат во 20 век, па денес ветерниците можеме да ги сретнеме само како туристички атракции.
Меѓутоа со постепеното исцрпување на природните ресурси, зголемувањето на енергетските потреби и сеопштото загадување станува јасно дека енергијата ќе ја има сѐ помалку, а побарувачката и цената ќе бидат сѐ поголеми. Потрагата по алтернативни извори кои ќе произведуваат еколошка, евтина и квалитетна енергија го обновува интересирањето на индустријата за можноста да се искористат ресурсите на ветерот.
Инсталирана моќност на електрични ветерници во Европа во MW (есен 2002 г.)
Првите дизајни на турбините на ветер се појавуваат кон крајот на 70-тите години кога започнува развојот на оваа технологија. Набрзо овој начин на производство на електрична енергија станува многу популарен во светот бидејќи ветерот е бесплатен, не може да се потроши и не загадува. Порастот е особено воочлив во последнава декада кога бројот на инсталирани турбини во светот се зголеми двојно, па така низ пејзажите наместо старите ветерни мелници од разгледниците, почнуваат да доминираат големи и моќни постројки кои го даваат животниот флуид за човештвото – енергијата.
Во продолжение на овој напис дознајте како работи турбината на ветер, што се ветерни фарми, како енергијата од ветерот правилно да се вклучи во електроенергетскиот систем, а дискутираме и за состојбите со енергијата на ветерот во Европа и во светот
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.