Емитер 7-8/2004.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во еден од минатите броеви, поточно во насловот "Боење на воздухопловите на Luftwaffe" во ЕМИТЕР бр. 3/04, зачнавме една многу важна тема која иако не многу нагласено постојано се провлекуваше во текстовите каде што беа презентирани макети: бои за нивно боење или техники поврзани со боењето. Боењето на макетите е една од најдискутираните и најполемизираните теми во целокупниот опфат на ова техничко хоби. Видот на боите кои ќе ги применуваме или самата техника на боење повеќе зависи од искуството и вештината на самиот макетар, додека типот и нијансата на боите кои треба да се применат во споредба со боите кај вистинскиот објект којшто го претставуваме со макетата е нешто што покрај искуство и вештината побарува своевиден научно-истражувачки потфат. За таа цел во светот се поставени стандарди кои покрај употребата во секојдневниот живот имаат исклучителна важност и во макетарството како хоби.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2004. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.