Рубрика: Електроника
Универзална tone/volume контрола со 3Д стерео
Автор: Славко Стојковски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 5/2008.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој проект ќе проследите квалитетна универзална тон-контрола која е резултат на мое повеќегодишно искуство во оваа област. Оваа tone/volume контрола ја нареков универзална, бидејќи на нејзиниот влез може да се приклучи кој било извор на аудиосигнал, од динамички микрофон, кој на својот излез дава аудиосигнал од само 2mV, па се до ЦД или ДВД-плеер кој на својот излез испорачува многу висок аудиосигнал до 2,5V. Нејзиното напојување е така дизајнирано да можете да ја приклучите на напојувањето од вашиот аудиозасилувач на моќност или, пак, на посебно за неа изработено напојување.

Пред да се доведе аудиосигналот на влезот од аудиозасилувачот на моќност, тој треба да се засили на одредено ниво (ако е потребно), откако ќе се засили треба да се обработи, односно на него треба да направиме тон-корекција, а сето тоа се прави (како што имаме пишувано во повеќе проекти од оваа област во претходните броеви на ЕМИТЕР) заради приспособување на звукот според нашиот слух и вкус. Тоа сето е потребно поради нелинеарната чувствителност на нашите сетила за слух (ушите) во целото чујно аудиофреквенциско подрачје.

Со повеќегодишно искуство во оваа област дојдов до ова соодветно квалитетно решение на оваа тон-контрола, која ја нареков универзална од следните причини: - на нејзините влезови можете да приклучите кој било извор на аудиосигнал кој на својот излез испорачува аудиосигнал со вредност од 2mV па сè до 2,5V; - со помош на преклопникот S1 кој е поставен на влезот на оваа универзална тон-контрола (на влезот на предзасилувачот) се прави селекција на влезниот сигнал, односно правиме селекција кој извор на аудиосигнал сакаме да го слушаме (ЦД-плеер, тјунер, микрофон итн.); - за подобрување на стереосликата (за добивање на просторниот звук), оваа тон-контрола располага со посебно електронско коло за 3Д стерео, кое по потреба со помош на прекинувачот S2 може да се активира; - за корекција (издигнување или придушување) на ниските и високите фреквенции, ова коло располага со активна тон-контрола која користи негативна повратна врска, односно Баксандалово коло; - на излезот на оваа тон-контрола е поставен филтер кој ја намалува (спречува) можноста од преоптоварување на влезот од аудиозасилувачот на моќност од несакани индуцирани осцилации во каблите; - во градбата на тон-контролата се употребени квалитетни малошумни операциски засилувачи, кои лесно можете да ги најдете на нашиот пазар.

Технички карактеристики:

Осетливост (за Uout=500mV)
- Mic:2 - 23 mV,
- Line: 45 - 500 mV ;

Засилување (gain):
- Mic: 26 - 47 dB,
- Line: 0 - 20 dB

Тонска регулација
- Bass: ±15 dB (на 40Hz),
- Treble: ±15 dB (на 15 Hz)

 
Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППК312
Печатена плочка: ППК313
Печатена плочка: MASK31
ИК: NE5532, TL084

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5/2008. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.