Вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии, беше одржана промоција на зборникот научни трудови COMPLEX SYSTEMS: SPANNING CONTROL AND COMPUTATIONAL CYBERNETICS, објавен од Springer Nature во 2022, посветена на проф. д-р Георги Димировски, поранешен професор на ФЕИТ и активен член на ФЕИТ АЛУМНИ, во чест на неговата годишнина.
Книгата ја потпишуваат тројца автори – проф. д-р Пенг Ши (Школа за електротехника и електроника, Универзитет Аделаида), д-р Јован Стефановски (Оддел за контрола и информатика при ЈП Систем Стрежево, Битола), и проф. д-р Јануш Кацпржик (Институт за истражувања на системи при Полската академија на науките, Варшава).
Промотор на книгата беше проф. д-р Јануш Кацпржик, член на Полската академија на науките, кој во своето обраќање се задржа на неговата неговото долгогодишно познанство и соработка со проф. д-р Георги Димировски, за значението на издавањето на едно вакво дело во ерата на дигитализацијата, како и приемот на самото дело во научната заедница.
Оваа книга, посветена на професорот Георги М. Димировски на неговата годишнина, содржи нови истражувачки насоки, предизвици и многу релевантни апликации поврзани со многу аспекти во широко согледуваните области на системи и контрола, вклучително и анализа на сигнали и интелигентни системи. Проектот се состои од два тома со трудови напишани од познати и многу активни истражувачи и практичари.
Првиот том е фокусиран на повеќе основни аспекти поврзани со општите прашања во системската наука и математичките системи, различни проблеми во контролата и автоматизацијата и употребата на пресметковна и вештачка интелигенција во контекст на моделирање и контрола на системи. Вториот том се занимава со презентација на релевантни апликации, особено во роботиката, компјутерските мрежи, телекомуникациите, откривање/дијагностика на грешки, како и во биологијата и медицината, како и во економските, финансиските и социјалните системи.
На крај проф. д-р Георги Димировски му се заблагодари на промоторот, нагласувајќи дека делото е производ на нивната взаемна соработка.
Самата книга може да се набави по цена од 150 евра тука