Електроника

Бројачот е замислен како индикатор на редоследот на чекање кај пациентите во амбуланта или ехотомографски кабинет, а далечински е управуван со инфрацрвени зраци. Секој пациент, како индивидуа, е еднозначно определен со број кој го добива на картонче на шалтерот, редоследно како што доаѓа за преглед. Кога земениот број од картончето ќе се појави на дисплејот, пациентот влегува за преглед.


Астрономија и астронаутика

Еден поранешен сон за патување низ Сончевиот систем речиси без потрошувачка на погонско гориво, станува реалност благодарејѓи на хемичарите. Имено, една нивна теорија за старт и тек на одреден хемиски процес со најмала нужна енергија, нуди чудна сличност со астрофизичките закони за трасирање патеки за движење низ Сончевиот систем со најмала можна потрошувачка на погонско гориво.


Аудио и видеотехника

Камерите се најбитни уреди во broadkast технологијата. Телевизијата не би постоела да не се тие "Нивното Величество" камерите. Нивниот развоен пат е паралелен со развојниот пат на телевизијата. Сигурно сте се запрашале што нä очекува во овој домен на телевизиски уреди во наредните години! Дали нä очекуваат револуционерни откритија и технолошки промени?


Автомобилска техника

Ретко се случува да откаже спојката ("кумплунгот") на автомобилот. Дали тоа може да се предвиди или не? И како да постапиме во случај на отказ на спојката? За среќа, многу ретко се случува ненадеен и целосен отказ. Секогаш, како по правило, пред целосно да откаже, спојката ни дава некои знаци дека нешто не е во ред со неа. Во текстов што следува, ќе укажам на тие знаци (симптоми), ќе дадам насоки како тие да се протолкуваат и што треба да се стори во таков случај.


Аеронаутика

Ова е листа на десет најверојатно најлоши авиони на сите времиња, претставени хронолошки. Некои од нив биле пионерски конструкции за кои е нормално да имаат недостатоци, некои биле лошо замислени, а некои едноставно не требало да бидат направени.


Аудио и видеотехника

Во денешното процесирање на аудиосигналите тренд претставува сараунд техниката, која е, всушност, повеќеканална аудиотехника. Кога слушателот се наоѓа во просторија во која се репродуцира звук со помош на сараунд засилувач, тој добива чувство дека звукот кружи околу него (оттука и името, surround – кружи, опкружува).


Електроника

Сè направив според упатствата кои ги дадовте но, сепак, изградениот електронски уред не работи како што треба – брчи, зуи, крчи! Во што е проблемот?


Информатика

Следејќи ги потребите на своите конзументи, големите компании кои произведуваат канцелариски уреди веќе одамна ја увидоа потребата од мултифункционални уреди. Гигантот Hewlett Packard е еден од лидерите во оваа област, па така компанијата на пазарот нуди повеќе серии All-in-One уреди. Се работи за уреди кои извршуваат повеќе функции, почнувајќи од печатач па сè до скенер, копир и факс.


Информатика

Освен користењето на вградената бекап алатка во Windows оперативните системи, постојат и други независни алатки кои подеднакво добро ќе ја завршат работата за која се наменети - бекап на податоците. Овие алатки најчето се користат кога е потребно правење бекап на одредени датотеки, при што чест е случајот целата постапка да се одвива автоматски под контрола на самиот софтвер, односно во одредено време.


Фототехника

Од овој број на Емитер започнуваме со нов серијал во рамките на Школата за фотографија – работа во светлата комора, односно обработка на фотографиите во соодветните програми за таа намена. За разлика од првите 7 продолженија на оваа школа, кои беа првенствено наменети да се направи вовед во основите на фотографијата, односно доста воопштени; школата ја продолжуваме со анализа на најчесто користените техники за обработка на фотографиите, и тоа со конкретни примери.


Омнибус

На 14. март оваа година се навршуваат 130 години од раѓањето на Нобеловецот, на генијалниот научник Алберт Ајнштајн, познат германски физичар со еврејско потекло, во 1999 година прогласен за личност на столетието. За научните откритија на Ајнштајн ЕМИТЕР има пишувано во повеќе наврати. Затоа, по повод овој јубилеј, одлучивме да го претставиме Ајнштајн од еден друг агол како мудар и духовит човек, свирач на виолина, хуманист, со мани и доблести како и секој обичен човек.


Астрономија и астронаутика

Ова интересно прашање потекнува од структурата на нашиот Сончев систем во кој планетите најблиску до Сонцето се мали и каменити, а оддалечените планети се "гасовити џинови". Да видиме кој е одговорот на науката на ова прашање.


Астрономија и астронаутика

По завршувањето на церемонијата на отворањето на Меѓународната година на астрономијата (МГА), за која читавте во претходниот број на ЕМИТЕР, во просториите на УНЕСКО во Париз од 19 до 23 јануари беше одржан Симпозиум за улогата на астрономијата во општеството и културата. Симпозиумот беше организиран од страна на Меѓународната астрономска унија (International Astronomy Union, IAU) во рамките на настани за одбележување на МГА. На овој симпозиум учествуваше и македонска делегација.


Астрономија и астронаутика

Смртта на масивните ѕвезди е насилен и волшебен момент. Најнапред ѕвездата колабира, а потоа следува експлозија на супернова толку сјајна што може да ја засени светлината на цела една галаксија. Енергетскиот бран од експлозијата исполнет со остатоци од материја се движи низ околниот простор со брзина од десетици милиони километри на час, разнесувајќи ги основните градивни честици од кои подоцна може да се формираат планети, ниви ѕвезди, па дури и живот.


Електроника

Непречениот развој на електротехниката, во содејство со нуклеарната физика, изнедрува нова гранка во областа на електрицитетот – Електроника. Резултатите од овој развој се видливи во сите пори на денешниот живот. Електрониката практично го освојува светот. Таа е присутна во комуникациите, компјутеризациите, во автомобилите, сателитите, воената опрема, медицината, уредите во домаќинствата и многу други области.


Електротехника

Компанијата Макита својата слава и углед ја градеше долга низа години. Електромоторите кои оваа компанија ги користи за своите електрични алати отсекогаш биле нивната посилна страна, што воопшто не е чудно ако се знае дека веќе 90 години се производители на разни типови електромотори. Електропневматскиот ротациски чекан HR4010C е уште еден во низата на исклучително успешни и квалитетни производи кои исклучително бргу го пронајдоа своето место на пазарот.


Информатика

Конечно, благодарејќи на помошта на IBM (кој извесно време наназад е технолошки партнер на АМД), АМД го официјализира преминот на 45 nm процес на производство на своите процесори со претставувањето на втората генерација PHENOM процесори. Дали конечно ќе биде фатен приклучок во трката со Интел?


Информатика

Тоа што го очекувавме се случи – nVidia ги исфрли на пазарот двата нови high-end модели на графички картички од кои се очекува враќање на тронот.


Информатика

Solid State Drive (SSD) дисковите полека но сигурно стануваат значајна алтернатива на класичните тврди дискови. Во ЕМИТЕР имавте можност да прочитате за Интел X18-M и X25-M SSD дисковите кои се базираат на флеш-технологијата, односно за меморирање на податоците користат неколку флеш-мемориски чипови управувани од микроконтролер. Но, тоа не е единствената алтернатива наспроти класичните електромагнетни тврди дискови.


Информатика

Со ова трето по ред продолжение го завршуваме нашето опишување на работата на RAM мемориите. ќе погледнеме што се тоа тајминзи на мемориите и кое е нивното значење.


Медицина

Ракот е една од најтешките болести на модерното доба кадешто како еден од главните активатори се јавува стресот на современиот начин на живот. Иако носителот на оваа болест, генот п53 е познат со децении, тоа малку им било од корист во досегашните истражувања. Но неколку сосема нови експериментални пристапи кон лечењето со употреба на матични клетки се чини дека влеваат надеж не само за продолжување на животниот век на болните туку и за нивно потополно оздравување.


Роботика

Конечно роботите дојдоа и во Македонија! Неколку десетици студенти од Македонија и Европа на Електротехничкиот факултет во Скопје изработија десетици доботи и со нив се натпреваруваа во неколку дисциплини на првата манифестација од овој вид кај нас – РобоМАК 2009.


Омнибус

'HP партнер на Рено Ф1 тимот;
Млечниот пат прави хаос во галактичкото соседство;
Flip Mino - најмал HD камкордер на светот;
Почетен курс по астрономија 2009;
10 факти за ... изборите;
Philips Cinema 21:9;
Русија - лидер во овогодишните вселенски мисии;
Џебен планетариум;
Bennic аудиофилски кондензатори во Македонија;
Уште еден електричен автомобил;
Најмал Blu-ray рикордер EBC 100;
Мобилен со проектор;


Телекомуникации

Изложувањето на човекот на електромагнетни полиња секојдневно се зголемува како резултат на промените во начинот на живеење. Имено, денес, секој од нас е изложен на разни електрични и магнетни полиња генерирани од разни уреди што се наоѓаат во нашиот дом, на работното место, по улиците. Во овој напис ќе посветиме внимание на некои истражувања посветени на електромагнетните зрачења и нивното влијание врз здравјето на човекот.


Биологија

Тркалајќи го, се чини од постанокот на светот, својот апсолутно непривлечен товар, малиот инсект и не знаејќи за тоа успеал полека да "шмугне" во една од класичните светски митологии и во неа да остане со милениуми. Посочуван во холивудските целулоидни остварувања првенствено како симбол на стравот и ужасот, оваа мала бубачка, сепак, има позитивна улога во легендите на старата цивилизација. Неговата, пак, биолошка функција може со еден збор да се протолкува како –еколошка!


Електроника

Како да изработите мал стереозасилувач кој на своите излези ќе испорачува моќност поголема од 2x1W и ќе ве чини само 120 денари? Одговорот ќе го најдете во текстот од овој проект.


Електроника

Во претходните броеви на ЕМИТЕР имаше неколку проекти за изработка на полнач за акумулатор од 12V, додека љубителите на две тркала (мотоциклите и скутерите) останаа запоставени. Време е да ја исправиме неправдата.


Писма
Потребни и непотребни теми и рубрики
Напојување на заштита за звучници
Како до 110V од 220V?