Емитер 3/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Тркалајќи го, се чини од постанокот на светот, својот апсолутно непривлечен товар, малиот инсект и не знаејќи за тоа успеал полека да "шмугне" во една од класичните светски митологии и во неа да остане со милениуми. Посочуван во холивудските целулоидни остварувања првенствено како симбол на стравот и ужасот, оваа мала бубачка, сепак, има позитивна улога во легендите на старата цивилизација. Неговата, пак, биолошка функција може со еден збор да се протолкува како –еколошка!
Кога по некој случај патот ќе ве однесе во Каиро, или, пак, во кој било друг дел од мистичниот, привлечен Египет, бидете сигурни дека ќе се сретнете токму со него. Вашето внимание нема да го промаши тиркизниот камен обликуван според формата која природата му ја одредила, ниту, пак, ќе останете рамнодушни на златните стилизирани приврзоци за ѓердан или белезица, како и амајлиите и статуетките изработени од племенити камења, гранит, стакло, плексиглас, камен.... а сè во чест на овој малечок, неуморен и речиси незабележителен патник низ светските меридијани. Шаловите, галабиите, сликите и украсите во најразлична форма.... сè е полно со неговата мала, подвижна форма, замрзната во секогаш истиот кадар на бескрајно движење.... Не се ни сомневајте дека при занесеното разгледување ќе станете "жртва" на еден куп интригантни приказни раскажани од устите на итрите арапски трговци, кои треба да ве намамат да купите барем еден сувенир, а речиси сите завршуваат со истата реченица: "Купете... за среќа....!" Неговите симболи ќе ве следат каде и да тргнете низ оваа, за нас секогаш интересна земја, по ѕидовите на гробниците и древните фараонски храмови, а доколку се осмелите и навлезете малку подлабоко во чудесните пространства на пустината Сахара со него веројатно ќе се најдете и "очи в очи". Неговото величество, кое нечујно се "шмугна" и во овој текст на ЕМИТЕР, го носи латинскиот назив Scarabeus sacer, всушност, е мал, црн инсект, во вечна потрага по своето најголемо богатство - животински измет.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.