Емитер 3/2009.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Освен користењето на вградената бекап алатка во Windows оперативните системи, постојат и други независни алатки кои подеднакво добро ќе ја завршат работата за која се наменети - бекап на податоците. Овие алатки најчето се користат кога е потребно правење бекап на одредени датотеки, при што чест е случајот целата постапка да се одвива автоматски под контрола на самиот софтвер, односно во одредено време. Од друга страна, понекогаш е потребно да се направи бекап на целиот тврд диск или барем на една партиција, при што е потребно користење на специјален софтвер дизајниран за таа намена. Еден од нив, кој спаѓа во самиот врв, е легендарниот Norton Ghost, производ на компанијата Symantec.
Софтвер за креирање на image, или ако сакате бекап (резервна копија) на целиот тврд диск, не е нешто ново. Постојат повеќе компании кои со своите производи за оваа намена се присутни веќе подолго време на пазарот. За овој напис не случајно го одбрав Norton Ghost 14. Се работи за производ кој е наследник на цела плејада успешни претходници кои со текот на годините се здобија со епитет на исклучително корисен и што е најважно, сигурен софтвер.
Norton Ghost 14 е софтвер кој во принцип е сосема различен од вградената бекап алатка во самиот Windows, или, пак, на неа слични алатки. Norton Ghost 14 овозможува бекап на сите податоци кои се запишани на тврдиот диск, но истовремено и на самиот Windows оперативен систем. Значи, се прави целосна слика (image) на тврдиот диск со сите на него постоечки податоци, практично се копира секој бит. Вака направениот бекап подоцна може да се искористи за опоравување на целиот систем кој претходно претрпел делумни или, пак, целосни оштетувања од низа непредвидливи причини - вируси, spyware инфекција, оштетување на тврдиот диск и слично.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.