Рубрика: Информатика
HP Officejet Pro 8500 Wireless - мултифункционален уред
Автор: Бранко Атанасовски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Следејќи ги потребите на своите конзументи, големите компании кои произведуваат канцелариски уреди веќе одамна ја увидоа потребата од мултифункционални уреди. Гигантот Hewlett Packard е еден од лидерите во оваа област, па така компанијата на пазарот нуди повеќе серии All-in-One уреди. Се работи за уреди кои извршуваат повеќе функции, почнувајќи од печатач па сè до скенер, копир и факс. HP Officejet Pro 8500 Wireless мултифункционалниот уред, кој деновиве пристигна на тестирање во нашата редакција, припаѓа во самиот врв на уреди од оваа класа. Со своите врвни перформанси и шаренилото од можности, овој уред многу бргу и лесно ќе го пронајде патот до целната група корисници, првенствено бизнис-корисниците.

Технички карактеристики:

Тип на печатач:
- HP Thermal Inkjet;
Брзина на печатење:
- црно-бело: A4 - 35 стр/мин;
- боја: A4 - 19стр/мин;
Резолуција на печатење:
- црно-бело: 1200 x 1200 dpi;
- боја: 4800 x 1200 dpi;
Резолуција на скенирање:
- 4800 dpi;
Резолуција на копирање:
- 1200 x 600 dpi;
Fax резолуција:
- 300 x 300 dpi

 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.