Рубрика: Информатика
Како работат RAM мемориите? - 3. дел
Автор: Зоран Ивановски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Со ова трето по ред продолжение го завршуваме нашето опишување на работата на RAM мемориите. ќе погледнеме што се тоа тајминзи на мемориите и кое е нивното значење.

RAS, CAS, tRAS…не, не се работи за никаква детска игра со одбројување, макар што можеби така звучи. Ниту е одбро¬јување 2,5-3-3-8, или 4-4-4-14. Овие цифрени изрази, како и буквени ознаки, се показатели на работата на мемориите, но од еден поинаков аспект од каков што вообичаено сме навикнати да го гледаме. Значи, не е сè во мегахерците.
Заеднички назив за горните изрази е мемориски тајминзи. Тие, во глобала, означуваат брзина со која се процесираат одредени команди. Или, со други зборови, го мерат времето за кое меморискиот чип го одложува извршувањето на некоја интерна функција. Секоја бројка во низата одговара на една одредена команда. Еве за што поконкретно се работи.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.