Рубрика: Електроника
Проблеми со заземјувањето
Автор: Емилијан Иљоски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 3/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Сè направив според упатствата кои ги дадовте но, сепак, изградениот електронски уред не работи како што треба – брчи, зуи, крчи! Во што е проблемот?

Проблемот најчесто лежи во непочитување на основните закони во електротехниката, односно во примената на еден од основните Марфиеви закони: Законите на природата постојано дејствуваат, дури и тогаш кога ние не сме свесни за тоа!
Најважните закони кои секогаш треба да ги имаме пред себе при ожичување на еден уред се Омовиот закон и Кирхофовите закони. Но, не треба да ги заборавиме ни Ленцовото правило ни Фарадеевиот закон, како ни "скин" ефектот кој се јавува кај спроводниците при повисоки фреквенции. Се разбира дека сите овие закони се земени предвид при проектирањето на печатената плочка (или можеби не!?!), но вистински проблем претставува ако треба да поврземе две или повеќе вакви целини – печатени плочи или печатена плочка со надворешни компоненти (конектори, потенциометри, преклопници...). Затоа да одиме по ред и да ги анализираме овие појави.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 3/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.