Рубрика: Електроника
Двопојасна активна свртница со delay, shelf и notch функција (2)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 7-12/2020.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Во овој, втор дел од проектот, ќе го употребиме звучникот JBL 4301B кој има пасивна свртница и од него ќе направиме активен двопојасен звучник со помош на нашата двопојасна аналогна активна свртница со delay, shelf и notch функција.

Американската фирма JBL во текот на својата долга историја произвела голем број разни модели на звучници, повеќето со многу добар квалитет, а некои од нив се стекнале со култен статус. Тука секако спаѓа и моделот JBL 4301B Broadcast Monitor, со бас/среднотонска единица од 8 инчи (20 cm) со хартиена мембрана и шасија од леан алуминум и високотонец со хартиена конусна мембрана од 36 mm. Дозволената моќ­ност за овој звучник е само 15 W, но конкретно овој звучник што ќе го употре­биме преживеал три децении со цивили­зирана употреба на засилувач од 50 W. Звучникот има па­сивна свртница што му дозволува на високотонецот да биде малку поис­так­нат во однос на остана­тиот дел од спек­тарот. Ние овде ќе го претвориме во активен звучник со по­мош на активната двопојасна аналогна активна свртница со delay, shelf и notch функција од мина­тиот број на ЕМИТЕР.

Главни елементи и материјали:
Печатена плочка: ППКУНИ2
 
Клучни зборови:
Фреквенциска карактеристика на JBL 4301B со активната свртница.

Фреквенциска карактеристика на JBL 4301B со активната свртница.

Фреквенциска карактеристика на оригиналниотJBL 4301B, со пасивна свртница.

Фреквенциска карактеристика на оригиналниотJBL 4301B, со пасивна свртница.


Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-12/2020. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.