Рубрика: Астрономија и астронаутика
Гравитациски леќи
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 9/2012.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Замислете дека можете да ги искривувате светлинските зраци за да добиете космичка лупа, која би ви овозможила да гледате многу далечни објекти во просторот. Меѓутоа, тој феномен постои во космосот – го предвидел кој друг, ако не Алберт Ајнштајн, а се нарекува "гравитациска леќа". Во овој напис ќе се запознаеме со тоа на кој начин овој феномен продуцира чудесни слики, како и со неговото користење во проучување на космосот.

Телескопот ни овозможува зачудувачки доживувања ноќе гледајќи низ него во ѕвезденото небо, тој ни ги открива кратерите на Месечината, прстените на Сатурн, ... и бројни ѕвезди, инаку невидливи со "голо око"! Со тоа телескопот ни дава можност да истражуваме длабоко во универзумот. Меѓутоа, сега замислете дека со телескоп сте погледнале во јато од илјадници галаксии, и дека токму тие ви овозможиле да гледате објекти зад нив, демек уште подалеку во универзумот, односно во времето кога тој бил сè уште млад и да го набљудувате формирањето на некоја од првите галаксии! Тој феномен постои во космосот, научниците го нарекуваат "гравитациска леќа", се базира на искривување на светлинските зраци кога тие поминуваат покрај некој објект со огромна маса!

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.