Емитер 9/2012.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Автомеханичарскиот занает, на моменти, е многу непредвидлив. На сред работа можете да останете без затинка (дихтунг) и работата да застане тука. Нема никаде да се купи или продавниците се затворени, а работата не трпи одлагање. За среќа, автомеханичарите, по дефиниција, се снаодливи луѓе и недостатокот од затинка ќе го надоместат со затинка од сопствено производство. Како се прави затинка ќе дознаете од текстот што следува.
Да се изработуваат затинки од картон во домашни услови е оправдано само во специјални случаи. На пример: нема никаде да се купи нова и оригинална затинка, продавниците за автоделови се затворени во тој момент, а поправката на возилото не трпи одлагање или се наоѓаме во теренски услови далеку од цивилизација, а автомобилот мора да се поправи како се знае и умее во најкраток можен рок.
Примерно е секогаш во нормални услови да се користат оригинални затинки и да се инсистира на нив. Ова е од причина што, ако сте професионален сервисер, не ќе можете да дадете гаранција за извршената услуга ако користите стари или рачно изработени затинки – а тоа е веќе голем хендикеп и показател за вашата непрофесионалност, при што нанесувате тежок удар на вашиот бизнис. Покрај тоа, користењето на оригинална затинка значи висок квалитет за затинање по сите параметри и оптимално функционирање на спојот во сите режими на работа.
Сепак, секогаш е корисно да знаеме како од картон или од некој друг затиначки материјал може да се направи затинка во домашни (или теренски) услови. Процесот не е сложен и не бара некој специјален и скап алат, иако е потребно искуство. Најнапред ќе го прикажам и прокоментирам основниот потребен алат, а потоа, како илустрација, и ќе изработам една затинка од картон.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 9/2012. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.