Рубрика: Омнибус
Ајнштајновиот мозок
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/2009.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


По смртта на Алберт Ајнштајн во 1955 год., неврохирургот Томас Харвеј извршил обдукција на Ајнштајновото тело и притоа го извадил неговиот мозок заради анатомска анализа. Делови од мозокот испратил во тегли со алкохол на неколку угледни невролози за да се обидат да најдат одговор на прашањето: "На што се должи Ајнштајновата генијалност?" Анализите покажале невообичаени наоди во анатомијата на Ајнштајновиот мозок.

Алберт Ајнштајн, татко на Теоријата за релативитетот и кум на Квантната теорија, двата најголеми столба во модерната физика, несомнено е еден од најголемите и најпочитуваните личности во светот на науката. За неговата научна дејност ние објавивме три опширни написи, едниот во ЕМИТЕР 5/03: "Ајнштајновата теорија за релативитетот", другиот во ЕМИТЕР 3/05: "100 години релативитет" и третиот во ЕМИТЕР 10/05: Ајнштајн на проверка", па немаме намера овде да се повторуваме, туку во овој напис се ориентиравме на некои помалку познати секвенци, кои ја дополнуваат прикаската за Ајнштајн, а сето ова во контекст на овогодишниот јубилеј – 130 години од неговото раѓање.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/2009. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.