Рубрика: Аудио и видеотехника
Бас-рефлекс звучни кутии (3)
Автор: Владимир Филевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 4/1998.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Таблиците и формулите за пресметка на бас-рефлекс звучните кутии ќе ги дадам во последниот дел од оваа серија. Намерата ми беше прво на читателите да им ги откријам најважните проблеми кои се јавуваат при проектирањето на бас-рефлекс кутиите и ограничувања што произлегуваат од поедноставениот математичко-физички модел кој ги опишува тие кутии. Во вториот дел (ЕМИТЕР 2/96) опишав една појава на поместување на резонантната фреквенција на кутијата (fb) од онаа вредност што ја предвидува теоријата (поедноставениот модел). Во сите книги за звучници што сум ги прочитал, а исто така и во сите компјутерски програми (освен најскапите професионални) се користи една иста, приближна формула за fb. Како да ги одредите димензиите на бас-рефлекс цевката на вистинската резонантна фреквенција fb? Купете ги професионалните програми AkAbak (повеќе од 1000 долари) или LEAP (исто), или подгответе се за макотрпна работа: прво според теоретската формула се димензионира бас-рефлекс цевката, а потоа се врши мерење. Добиената резонантна фреквенција често е пониска од потребната и во тој случај цевката треба да се скуси (без претерување!), а потоа повторно треба да се мери. Меѓутоа, не е доволно само да се погоди резонантната фреквенција - многу е важен напречниот пресек на цевката и нејзината геометрија, а и местото на поставување во кутијата игра некоја улога. Во третиов дел од серијата "Бас-рефлекс звучни кутии" ќе ви откријам некои интересни работи за бас-рефлекс цевките.

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 4/1998. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.