Емитер 5-6/2000.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Запишувањето, односно конзервацијата, на звучните сигнали започнува уште минатиот век со механичкиот запис што го остварил Едисон на восочен цилиндар. Од аспектот на архивирањето многу значајна е компонентата трајност на одреден медиум. И таа, како и квалитетот на записот, се подобрувала со развитокот на технолошките процеси за производството на материјалите од кои се правеле медиумите. Затоа од основна важност е познавањето на технолошките карактеристики на материјалите од кои е сочинет некој медиум и условите под кои треба да биде архивиран за да се постигне неговата максимална трајност.
Од финансиска гледна точка, музичката индустрија се потпрела на каталозите со поранешни изданија заради остварување добивка до воведувањето на CD. Сега идната заработка на овие компании е во прашање – бидејќи многу ленти, дури и оние што припаѓаат на најголемите компании се расипани и раштракани ширум земјината топка, а често се и некаталогизирани. Заради тоа музичките компании за правење запис почнаа да инвестираат во заштитата на нивните поранешни каталози за да ги подобрат своите шанси за остварување поголема добивка во годините што идат Сега се преземаат активни чекори кон заштитата на нивната архива.
Големо прашање е како би требало најдобро да се заштити нашиот вреден запис за иднината. Одговорот на овао прашање треба да ги земе во обзир сите предности и недостатоци на различните технологии и формати од аспект на зачувување на квалитетот на звучниот сигнал и трајноста на медиумите на кои е остварен записот.
Друга многу важна работа е поврзана со ризикот од застарување на хардверот. Аналогните машини за запис и репродукција се конструирани едноставно и може да се чуваат и одржуваат во нормална состојба така што ризикот од застарување на хардверот е многу мал. За каква било обработка во дигиталниот домен, потребни се IC што се многу специфични и кои ќе се произведуваат само дотогаш додека постои потреба од нив. Кога форматот веќе нема да биде во употреба, неговите IC повеќе нема да се произведуваат. Со тоа нема да постојат можности за набавка на резервни делови за машините и никој не ќе може лесно да ги редизајнира и произведе колата со истите функции како соодветните IC користејќи дискретни компоненти.
Размислувањата за иднината можат да отидат и, можеби, предалеку. Веројатно нема да биде над човечката инвентивностили, пак, недозволиво скапо да се конструира мрежа што ќе може да ги репродуцира лентите или другите дигитални медиуми во текот на наредните 50 години. Така реалното издание го задржува интегритетот и долговечноста на медиумот.
Приодот кој овозможува незабележлива интеграција меѓу архивата, репродукцијата и продукциското опкружување ќе претставува обид за целосно поврзување на сите функции кои досега беа со мали шанси за нивно интегрирање.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 5-6/2000. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.