Емитер 6/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Јупитер, првата надворешна планета во нашиот Сончев систем, е наедно и најголемата. Таа спаѓа во најсветлите објекти на ноќното небо. Гасовитата планета е карактеристична по силните ветрови во нејзината атмосфера и по многу силното магнетно поле. Денес се познати повеќе од 50 сателити на Јупитер, од кои четири (Јо, Европа, Ганимед и Калисто) беа откриени од Галилео Галилеј уште во 1610 година и се наречени Галилееви сателити.
Јупитер е петта планета по оддалеченост од Сонцето и убедливо најголема од сите. Нејзината маса е повеќе од двојно поголема од вкупната маса на сите останати планети во Сончевиот систем (318 пати поголема од Земјината). Името го добила по врховниот бог во римската митологија, чиј пандан во грчката митологија е Зевс. Јупитер им бил познат на луѓето уште од праисториско време, бидејќи по Сонцето, Месечината, Венера и понекогаш Марс, е најсветол вселенски објект. По низата на внатрешните планети (Меркур, Венера, нашата Земја и Марс), чија површина е цврста, Јупитер е првата гасовита (надворешна) планета. Густината на гасот се зголемува кон нејзината внатрешност, па поради тоа радиусот на оваа планета е дефиниран релативно. Површината на Јупитер ја градат местата каде што притисокот од погорните слоеви е еднаков на една атмосфера (101 325 Pa), односно на притисокот на Земјината атмосфера на морско ниво. Аналогно, повисоките слоеви на Јупитер се сметаат за негова атмосфера. Од Земјата, всушност, се набљудуваат само највисоките слоеви на атмосферата на Јупитер.
Еден од бледите Јупитерови прстени.
Првото летало што го посети Јупитер беше Пионир 10 (Pioneer 10)во 1973 година. Потоа следуваа мисиите на Pioneer 11, Voyager 1 и 2, Ulysses и Galileo. Леталото Галилео (Galileo) детално го проучуваше Јупитер и неговите сателити и придонесе кон нивно многу подобро осознавање, кое вклучува и негирање на многу од дотогашните убедувања на астрономите.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.