Рубрика: Астрономија и астронаутика
OSIRIS-REx го стаса Бену
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 05.12.2018 - 12:30

По изминати две милијарди километри пат, вселенското летало OSIRIS-REx на НАСА пристигна на целта, каде што треба да започне со прелиминарното истражување на астероидот Бену. За мисијата на сондата пишувавме и претходно во онлајн-вестите (тука и тука)

Леталото, коешто беше лансирано во септември 2016 година, оваа недела пристигна до астероидот и моментално е во геостационарна положба, на 19 километри над неговата површина. Подготовките за пристигнување на целта започнаа уште во октомври, кога навигацискиот тим на мисијата започна со спроведување на серија процедури за кочење, забавувајќи ја сондата и допрецизирајќи ја нејзината траекторија.

Следниот чекор на мисијата е закажан за 31 декември, кога OSIRIS-Rex треба да се спушти на височина од седум километри над Бену и да започне да орбитира околу него. Сондата ќе собира податоци што ќе овозможат прецизно мапирање на големината, обликот и вртливиот момент на астероидот.

До февруари, леталото ќе се приближи уште повеќе до површината и ќе се спушти на само 1,25 километри над неа, подготвувајќи се за можеби најопасната фаза од долгогодишното патување – привременото слетување.

За разлика од повеќето беспилотни летала лансирани од страна на вселенските агенции во светот, OSIRIS-Rex ќе треба повторно да се врати на Земјата. НАСА планира со помош на сондата да собере околу 60 грама материјал, прав и камен, од површината на астероидот, коишто леталото треба да ги донесе дома, на Земјата.

Целта на мисијата OSIRIS-REx
Клучни зборови: