Рубрика: Астрономија и астронаутика
Потрага по причината за акцелерациска експанзија на вселената
Автор: Петар Лагудин
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 6/2003.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Фотографија на ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години, снимена од Хабловиот орбитален телескоп во април 2001 година

По неодамнешното епохално откритие на група космолози дека експанзијата на Вселената е акцелерациска, астрономите ја бараат причината за акцелерацијата во таинствената материја која што недостасува, т.н. "темна енергија" (dark energy).

Научниците имаат постигнато општ консензус за основната историја на Вселената. Таа започнала со Big Bang од радијација со незамисливо висока температура и густина. За 15 милијарди години Вселената се раширила до денешни размери и се оладила. Галаксиите и другите комплексни структури израснале од микроскопско семе – количински варирања на густината на материјата.

До неодамна астрономите сметаа дека експанзијата на Вселената перманентно забавува под дејство на гравитацијата на повеќе од 100 милијарди галаксии, но резултатите од мерењето во 1998 година на далечни супернови упатуваат на акцелерациска експанзија на Вселената. Со тоа се отвори прашањето за идентификација на силата што е причина за акцелерацијата. Во врска со тоа прашање, денес теоретичарите водат многу интересни дебати.  

Космолозите тврдат дека “убедливиот доказ” го откриле со внимателно испитување на блесокот од ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години 

 

МАТЕРИЈА ШТО НЕДОСТАСУВА

Денешниот модел на Вселената, космолозите го сметаат за креација на четирите т.н. основни сили: слабата и јаката нуклеарна сила, електромагнетната и гравитациската сила. Но, од неодамна тие се наоѓаат во положба да трагаат по петтата основна сила, којашто е причина за акцелерациската експанзија на Вселената и поради тоа, таа мора да биде одбивна! Но, каде да се бара таа?

Од порано е познато дека само мали фракции од материјата се компонирани во постојните хемиски елементи со кои се среќаваме во секојдневното искуство. Но, набљудувањата на Вселената ги убедиаја астрономите, дека за опстојување на галаксиите е нужна многу поголема гравитациска сила отколку онаа што ја има сета видлива материја. Така е детектирана невидливата т.н. “темна материја” (dark matter), составена од егзотични елементарни честички, кои немаат својство на интеракција со светлината и за кои ние имаме најмалку средена слика.

Клучни зборови:
Фотографија на ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години, снимена од Хабловиот орбитален телескоп во април 2001 година

Фотографија на ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години, снимена од Хабловиот орбитален телескоп во април 2001 година (горе во белиот квадрат), на која космолозите се повикуваат како на практичен доказ за постоење на одбивната гравитација на “темната енергија”

Космолозите тврдат дека “убедливиот доказ” го откриле со внимателно испитување на блесокот од ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години

Космолозите тврдат дека “убедливиот доказ” го откриле со внимателно испитување на блесокот од ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години 

Космолозите тврдат дека “убедливиот доказ” го откриле со внимателно испитување на блесокот од ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години 

Космолозите тврдат дека “убедливиот доказ” го откриле со внимателно испитување на блесокот од ерупција на супернова што се случила пред 10 милијарди години 

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.