Емитер 6/2003.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Авионот Ф-35 (ЈСФ) ја претставува новата генерација авиони од 21 век, која ја истакнува најновата авиоконструкторска иновативност, симбиоза на три различни авиони во иста авионска конструкција. Според планирањата, F-35 би требало да почне да се воведува во 2010 година. Овој авион би требало да ги замени авионите: F-16, F/A-18 B/C, A-10, A-6, AV-8B и Sea Harrier.
Проектот JSF (Joint Strike Fighter), е започнат по барање на Владата на САД и Пентагон, со цел развивање повеќенаменски ловец-бомбардер со stelth карактеристики, кој треба да ги задоволи барањата на американското воздухопловство (US Air Force), маринците (US Marine Corps) и морнарицата (US Navy). Како главни фаворити во проектот се избрани Boeing со технолошкиот демонстратор X-32 и Lockheed Martin со технолошкиот демонстратор X-35.
Градба на авионот F-35B (JSF)
Демонстрационата фаза од JSF проектот со технолошките демонстратори X-32 и X-35 е започната во ноември 1996 година, а е завршена на 5 окотмври 2001 година. По опсежните испитувања на двата демонстратори, на 26 октомври 2001 година од страна на Пентагон, авиоконструкциското биро Lockheed Martin е прогласено за победник во проектот JSF. Со цел да се задоволат барањата на воените сили на САД (USAF, USMC и USNavy), авионот X-35 е изведен во три верзии, и тоа: X-35A CTOL (Conventional Take-Off and Landing), X-35B STOVL (Short Take-Off and Vertical Landing) и X-35C CV (Carrier based Variant). Сите наведени верзии поседуваат 70-90% заеднички компоненти, заради поедноставно одржување.
Повеќенаменскиот ловец-бомбардер F-35B со STOVL карактеристики наменет за маринците
Откако беше тимот на Lockheed Martin прогласен за победник, се потпиша договор за производство на дополнителни 22 авиони, од кои 14 ќе се користат за испитувања во лет, а 8 за испитување на земја. Испитувањата на овие авиони ќе се изведуваат во воената воздухопловна база Едвардс (Калифорнија) и во морнаричката воена воздухопловна база Patuxent River (Мериленд). Според планирањата, F-35 би требало да почне да се воведува во 2010 година. Овој авион би требало да ги замени авионите: F-16, F/A-18 B/C, A-10, A-6, AV-8B и Sea Harrier.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 6/2003. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.