Емитер 8-9/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Една од најдобрите билки, а особено најдобра кога е во прашање циркулацијата, запирање на крварењето, отстранување болка, лекување синуси, ревма и друго, е лутата пиперка. Да се јаде лути пиперки е лековито и кога човек има рак на простата, на белите дробови, леукемија... велат истражувањата. Лутите пиперки го подобруваат и расположението и помагаат при намалување на телесната тежина! Зошто? Прочитајте го текстов за да дознаете некои од над осумдесетте својства и користи од лутите црвени пиперки, иако многу од нив можеби и ги знаете.
Во современиот свет е реткост да се сретне човек кој не е болен. Да тргнеме од најобичните симптоми, како што се главоболка, умор, несоница, проблеми на низок или висок притисок и друго. Но овие симптоми многу често не се болест, туку се само предупредувања што ако ги игнорираме, ќе прераснат во потешки заболувања. Ќе си помисли човек: медицината толку напредувала, а сепак сме болни! Зошто?! Затоа што честопати не водиме доволно грижа за здравјето и си го уништуваме. Тогаш мора да земаме лекови и во нас се натрупуваат токсини. Но и лековитите билки можат многу да помогнат, па затоа денес сè почесто се свртуваме кон нив. Една од најдобрите билки, а особено најдобра кога е во прашање циркулацијата, запирање на крварењето, отстранување болка и друго, е лутата пиперка. Сигурно си го поставувате прашањето кој вид лута пиперка и во која мера треба да се консумира. Постојат повеќе видови, но најдобрите се оние најлутите, кои содржат над 100 000 HU (heat unit – единица на “лутост”). Можете да ги купите и оние што ги има на нашите пазари, но тие обично не се полути од 40 000 HU, што нема да биде доволно за да се дигне вашиот организам ако е во тешка здравствена состојба, иако за превентива се сосема добри.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.