Рубрика: Макетарство и моделарство
ЦМК - Фолксваген Буба и нејзини деривати
Автор: Марјан Трајков
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Како што во воздухопловното макетарство едни од најизработуваните макети се оние чија тема се звучните имиња на авионите на Фокер, Албатрос, Сопфит и Њепор од Првата светска војна; Месершмит Ме-109, Фоке Вулф Фв-190, Спитфаер, Мустанг и руските Јакови и Лавочкини од Втората светска војна; како поствоените и модерни Мигови, Сухои, Мек Донели, Локиди, Миражи и сл, така во светот на автомобилското макетарство една од најпосакуваните макети е макетата на фамозната Фолксваген Буба. Долго време на пазарот овој модел беше запоставуван и во својот асортиман го имаа само неколку фирми како Тамија, Ревел, Аирфикс и некои помалку познати. Во текот на деведесеттите се појави чешката фирма ЦМК (или Чех Мастер Китс – Czech Master Kits - CMK) која на светскиот пазар исфрли цела серија на Фолксвагеновите Буби и нивни деривати од Втората светска војна во размер 1/35.

Макетите на ЦМК се едни од најценетите во светот. Богатото технолошко искуство на изработка на макети, високостручниот и совршено информиран кадар кој го предводи тимот на ЦМК успеа да реализира и во релативно краток временски рок да исфрли на пазарот макети кои едноставно пленат со својот квалитет и разновидност. ЦМК покрај макетите кои, сепак, не и се специјалност е попозната по совршените сетови на дополнителни делови изработени во ресин, како и деловите изработени со фотопостапка.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.

Статии со слична содржина