Рубрика: Автомобилска техника
Перформанси и карактеристики на автомобилите
Автор: Мики Крстевски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Секој од нас бил во ситуација кога требало да одлучи каков автомобил да купи, без разлика дали станува збор за нов или стар автомобил. Поради немање информации за перформансите на возилото, што за жал се случува и при купување на нови возила, изборот на автомобил се сведува на избор на боја и опременост на возилото. Во овој текст ќе ги објасниме главните фактори кои влијаат на возните перформанси, и ќе направиме мала анализа на цената, т.е. дали цената на автомобилите опаѓа како резултат на зголемените перформанси на возилото.

Сведоци сме на сè поголемата пропаганда за карактеристики на автомобили од кои “боли глава”. Целосно опремени со естетски изглед кој плени на прв поглед, со карактеристики на моторот почнувајќи од минимални 100 коњски сили, со алуминиумски 16 или 17-инчни фелни и широчина на гуми 205. Сите овие работи за само десет до тринаесет илјади евра со поволен лизинг или кредит. Секој од нас гледајќи ги рекламите по телевизиските канали ќе искоментира: “Леле, сега се купува автомобил, види колку се евтини”. Дали е тоа така, во овој текст ќе се обидеме да појасниме, т.е. ќе појасниме некои карактеристики на возилата кои се клучни за возните перформанси и за уживање во возењето. Вакви објаснувања за перформансите на возилото би требало да добиете во автосалоните, но кај нас редовно изостанува, па купувањето ново возило се сведува на избор на марка на возило, боја на возилото и неговата опременост. Овој текст е подеднакво корисен како за купувачите на ново возило, така и за купувачите на стари возила. Со разбирање на карактеристиките на возилото кое го купувате, ќе ви биде многу појасно за што ќе ги дадете вашите пари и какви возни перформанси ќе добиете за вашите пари.

Клучни зборови:

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.