Рубрика: Автомобилска техника
Збор-два за автомобилските пневматици
Автор: Томе Скендеровски
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во

Емитер 8-9/2014.

Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.


Неверојатно е како автомобилските гуми, или пневматици, ги прифаќаме така едноставно, здраво за готово. Дури и ретко кој од нас да се заинтересира повеќе за нив, за нивната нега и одржување, за нивното правилно користење итн. Овој напис ќе биде посветен на автомобилските пневматици – и тоа повеќе од аспект на нивната улога во сложениот систем на автомобилот – како и запознавање со некои значајни, а малку познати параметри за нив.

За автомобилските пневматици пишувавме е во ЕМИТЕР 10/04, 11/04 и 06/12. Но во оваа пригода јас повеќе ќе се задржам на самиот феномен на автомобилскиот пневматик, како и на предизвиците пред кои тој е исправен. Можеби механички најоптоварениот дел од автомобилот се пневматиците. Тие се во контакт со патот со површина колку една човечка дланка, а низ неа перманентно протекува целата силина на моторот. И уште повеќе, низ неа протекува и целата силина при интензивно сопирање со автомобилот, како и сите надолжни и попречни сили при возење во свијоци. Мора да се признае, тоа се многу големи оптоварувања на кои се изложени пневматиците, и потребно е навистина големо технолошко умеење и знаење за да се произведе пневматик кој успешно се справува со овие оптоварувања, а притоа да биде безбеден и доверлив.

Клучни зборови:

Шарките (каналите) ја примаат и/или истиснуваат водата, што е основниот услов за директен контакт на пнев¬матикот со асфалтот.

Табела 1: Ознаки за индекс на брзина на пневматиците

Табела 2: Ознаки за индекс на носивост на пневматиците

Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.