Емитер 8-9/2014.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Македонија располага со мал процент на водена површината во однос на нејзината територија, само 2,2%. Искористувањето на овој воден потенцијал за прехрана е предизвик со којшто народот на овие простори се справува од дамнешни времиња. Па така, постојат записи уште од пред нашата ера за специфичниот начин на ловење риба на Дојранското Езеро. Во овој напис разгледуваме како оваа гранка од стопанството се развивала до денес и има ли можности за поголема искористеност на овој потенцијал.
Уште во 5-от век пред нашата ера грчкиот историчар Херодот запишал дека на Дојранското Езеро старите Пеонци ловеле риби со помош на птици покрај мандрите. Тогаш езерото било толку богато со риби, што Пеонците рибите ги користеле дури и за исхрана на добитокот. Во турско време риболовот бил доста развиен на нашите реки и езера и тогаш се ловеле поголеми количества риби, отколку денес. За споредба, во турскиот период од Охридското Езеро се ловело до 400 тони риби а денес 80 тони. Дојранското Езеро е меѓу најбогатите езера во светот со рибен фонд и претставува природен рибник, бидејќи е богато со зоопланктон и алги. За разлика од Охридското Езеро овде се одржала традицијата на рибарење, иако денес има намален риболов поради еколошката катастрофа. И на Преспанското Езеро во периодот на турското владеење се ловело повеќе риби отколку денес, но двапати помалку од Охридското. Во тоа време рибарењето било развиено и на Катлановското Езеро, за што има пишан документ уште од 11-от век.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 8-9/2014. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.