Емитер 7-8/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Во Македонија железничките линии започнале да се градат по 50 години од нивната појава во Англија. Тогаш турската власт имала интерес за железница, бидејќи се стремела економски да се поврзе со Средна и Западна Европа. Така, во 1869 година бриселскиот банкар баронот Хирш добил концесија од турските власти за изградба. До изградбата на железницата во 1873 година, сообраќајот и транспортот во етничка Македонија се вршел по суво и по вода. Железничките линии во Македонија имале огромно значење, кои извршиле револуционерен пресврт во сообраќајот.
До изградбата на железницата во 1873 година, сообраќајот и транспортот во етничка Македонија се вршел по суво и по вода. Сувоземниот сообраќај се одвивал по сувоземните патишта, кои ја поврзувале Македонија со соседните и подалечните земји. Сите патишта се поврзувале со главната “магистрала” преку градовите Ниш, Куманово, Скопје, Велес, па сè до Солун. Низ Македонија врвел и стариот пат Виа Егнација, кој од Драч преку Охрид и Битола стигнувал до Цариград.
Старата централна железничка станица во Скопје за време на Кралството Југославија
Македонските патишта во 19 век се наоѓале во лоша состојба. Правците на патиштата биле условени од конфигурацијата на теренот (долини, клисури, рамнини и др.), и тие биле направени од природата. Сообраќајниците кои биле трасирани од Римјаните биле запустени и неупотребливи. Патиштата во турското ропство биле колски и карвански. Примитивните запрежни коли за превоз на стока се употребувале само на блиски растојанија, и тоа по рамнините.
Интересно е и тоа што реката Вардар од Велес до Солун претставувала интензивна сообраќајница, бидејќи со сплавови се пренесувале значителни количества жито, афион, тутун, вино, волна, дрво и др. Еден сплав можел да носи товар до 6 тони. Во тоа време Велес бил голем склад на стоките од Штип, Кочани, Скопје, Куманово, Врање, Лесковац и др. Сепак и овој необичен сообраќај исчезнал со појавата на железницата.
Железничката станица Велес на почетокот од 20 век
Во Македонија железничките линии започнале да се градат по 50 години од нивната појава во Англија. Тогаш турската власт имала интерес за железница, бидејќи се стремела економски да се поврзе со Средна и Западна Европа. Така, во 1869 година бриселскиот банкар баронот Хирш добил концесија од турските власти за изградба и експлоатација на мрежа железнички линии од 2000 км, кои требало да го поврзат Цариград со Виена. Сепак, Хирш изградил 1200 км железнички линии и тоа полесните. Со тоа, неговата компанија ги експлоатирала турските железници и печалела големи средства. Странските проектанти и изведувачи на работите се залагале за поголема заработувачка, па затоа линиите биле неквалитетно изградени и со евтин материјал. Поради тоа, понекогаш локомотивите и вагоните излетувале од шините.
Со избувнување на Балканските војни по 1912 година, српската војска прогонувајќи ги разбиените турски трупи при пробивот во Македонија, ги освоила железничките линии. Во текот на Првата светска војна Вардарската железница била под контрола на германската армија. Тогаш Германците извршиле проширување на станичните простории со бројни нови колосеци и крстосници. За поефикасно опслужување на фронтот, германската железничка компанија во 1916 година изградила линија од нормален колосек од станицата Удово преку Валандово до селото Дедели. Покрај тоа во Западна Македонија се изградиле и железнички тесни линии и жичарници за потребите на фронтот.
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 7-8/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.