Емитер 1/2002.
Нарачајте го овој број или најавете се за да ја прочитате целата статија.
Природниот центар на некоја ограничена територија претставува местото каде што сите повлечени дијагонали во круг од 3600 се вкрстуваат во една точка. Официјално за првпат природниот центар на Република Македонија го одредил првиот картограф на нашата земја, Илија Илиев од Географскиот институт при Природно-математичкиот факултет во Скопје во април 1976 година.
Прво се започнало со одредување на сите најистурени гранични точки на четирите главни страни, на картата на Р. Македонија. Имено, најсеверната точка е чупино дрво (Кривопаланечко), додека најјужната е островот Голем Град на Преспанското Езеро, така што до повлекување на линија меѓу овие две точки во правец североизток-југозапад се добива едната дијагонала. Втората дијагонала е повлечена од најисточната истурена точка на Ченгино Кале на Малешевските Планини кон најзападната на месноста Блато (Дебарско) во правец исток-запад.
Сепак, вкрстувањето на овие две линии не го означуваат природниот центар, бидејќи границите на другите места не се рамномерно оддалечени. Затоа се земани и другите поистурени точки и од таму се повлечени и други линии, со што и самиот центар поточно се одредува. На крајот на пресметките сите повлечени дијагонали од граничните места најблиску се сечеле во атарот на с. Крива Круша, Велешко.
Природниот центар на Р. Македонија се наоѓа на местото наречено "Зајковец", кое се наоѓа југоисточно од Крива Круша, на оддалеченост од близу 1km. Сепак, точката на центарот "Зајковец" не е одредена, бидејќи тоа треба да се направи по геодетски пат.
Во овој напис ќе ги разгледаме природно-географските одлики во околината на природниот центар на Република Македонија, како и историско-географските описи на селото Крива Круша
Ова е само дел од статијата која во целост е објавена во Емитер 1/2002. Нарачајте го овој број за да ја прочитате целата статија, а ако веќе го имате купено електронското издание најавете се за да го прочитате.