По Втората светска војна, како и останатите светски воздухопловни сили, и Советскиот Сојуз се впуштил во трката за што побрзо усвојување на млазната технологија и нејзина практична примена во новите повоени типови авиони. Така, во особено успешниот ловечки авион од воениот период, "Jakovlev Jak-3 (Jak-9)", е вграден германски турбомлазен мотор "Junkers Jumo 004B" од залихите на воениот плен, кој во тоа време веќе бил предвиден да се произведува во Советскиот Сојуз под ознаката "RD-10".